Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.06.2016, 21:47

Премиера на "мерцедес Е-класа" караван

Половина век после својот прв караван, "Мерцедес" го претстави неговиот далечен наследник од современата Е-класа.

Дека моделите на "Мерцедес" од различните сегменти се помалку меѓусобно се разликуваат и не е вест, па така новата Е-класа караван е обликувана по примерот на помалиот од Ц-класата.
Дизајнот на фаровите, предната маска и браникот се слични кај двата модела, а внатрешноста на возилото е пресликана од лимузинската верзија на Е-класата.
Е-класата има огромен функционален багажник со капацитет од 670 литри, а со максималните 1.820 литри (со спуштени седишта) го надмина претходникот за дури 135 литри. Новиот караван стандардно е опремен со електромеханичка врата на багажниот простор која се отвора со удар на стапалото под браникот во случај рацете да ви се зафатени, како и со самонивелирачко воздушно потпирање кое обезбедува каросеријата да има рамномерно растојание од земјата без оглед дали багажниот простор е празен или полн.
Моторизацијата се состои од четири бензинци и три дизел мотори. Основиот модел кај бензинците е Е200 со 2,0 литри и 184 КС, следен е Е250 со 211 КС, на оние кои не им е доволно можат да изберат Е400 4матик со 3,5-литарски В6 мотор кој развива 333 КС, а врв на бензинската понуда е Е43 4матик АМГ со 3,0-литарски мотор од 401 КС.
Дизел понудата ја отвора Е200 со 150 КС, следи Е220д со 194 КС и најсилниот Е350 чиј 3,0-литарски мотор произведува 258 КС. На почеток сите мотори ќе бидат стандардно споени со автоматски деветстепен менувач.
Новата Е-класа караван ќе може да се најде на европскиот пазар кон крајот на летото.


Текстот е прочитан 2687 пати.
#
Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter