Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
Свет

20.04.2017, 14:50

СЕВЕРНА КОРЕЈА СО ЗАКАНА ОДГОВАРА НА ПРЕДУПРЕДУВАЊАТА ОД ВЕШИНГТОН

Од САД ќе остане само пепел

Севернокорејските државни медиуми ги предупредија денеска САД дека Северна Кореја би можела да изврши "супермоќен превентивен напад", откако американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека Вашингтон разгледува начини да извршат притисок врз Пјонгјанг поради неговата нуклеарна програма.

Американскиот претседател Доналд Трамп зазеде остар став кон севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој ги отфрли советите на својот единствен сојузник Кина и продолжи со нуклеарната и ракетната програма и покрај санкциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.
- Во случај нашиот супермоќен превентивен напад да почне, целосно и веднаш ќе ги збрише не само империјалистичките освојувачки сили на САД во Јужна Кореја и околните подрачја, туку и копното на САД и ќе ги претвори во пепел, објави гласилото на владејачката Работничка партија на Северна Кореја, "Родонг Синмун".

Могерини: Кина и ЕУ се одговорни за смирување

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изрази денеска загриженост поради зголемените тензии околу нуклеарната програма на Северна Кореја, додавајќи дека ЕУ и Кина се подеднакво одговорни за смирување на ситуацијата на Корејскиот полуостров.
Според неа, одговорноста се однесува на принудување на Пјонгјанг да ги исполни своите меѓународни обврски и повторно да почне да соработува со меѓународната заедница и да работи на "денуклеаризација" на Корејскиот полуостров.

Армадата на САД сепак плови кон Корејскиот Полуостров

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп демантира дека ја негирала информацијата оти американски носач на авиони и други воени бродови се упатиле кон Корејскиот Полуостров.
Според Белата куќа, никогаш не бил соопштен датум на пристигнување, а бродовите од групата се на пат.
Трамп на почетокот на минатата недела изјави дека пратил "армада", како предупредување до Северна Кореја, имајќи ја предвид ударната група на носачот на авиони "Карл Винсон", кој се покажа дека се уште е далеку од Корејскиот Полуостров и оти пловела во спротивна насока.


Текстот е прочитан 2624 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter