Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.01.2017, 12:47

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ГО ПОСЕТИ ПУНКТОТ ЗА БЕЗДОМНИЦИ ВО МОМИН ПОТОК

Прифатилиштето ќе се проширува со парите за новогодишната прослава

"Имаме нов проект од Црвен крст за проширување на капацитетот за сместување на бездомни лица, односно за уште еден контејнер со 16 легла и повеќе туш кабини", истакна градоначалникот Трајановски

Градоначалникот Коце Трајановски на следната седница на Советот на Град Скопје ќе предложи средствата во износ од 2 милиони што беа предвидени за новогодишната прослава на скопскиот плоштад да се наменат за проширување на пунктот за бездомни лица во Момин Поток. Трајановски ова го најави при последната посета на пунктот и како финансиска поддршка на новиот проект на градскиот Црвен крст.
Градот Скопје, како што рече градоначалникот, во соработка со Црвениот крст континуирано го помага работењето на овој центар, а во 2011 година го отвори Прифатилиште за згрижување и привремено прифаќање на лицата бездомници кое овозможува засолниште, дневен престој со оброк, здравствена заштита и услови за одржување хигиена. За набавка на сместувачки капацитети во 2011 година Градот издвои 1,4 милиони денари и со отворањето на Прифатилиштето, капацитетите на постојниот Пункт на Црвен крст се зголемија за 60 квадратни метри, па сега таму има 16 кревети, тоалети, кабина за туширање, чајна кујна и други неопходни средства за функционирање на Пунктот со што може да одговори на потребите на овие лица.



"Сега имаме нов проект од Црвен крст за проширување на капацитетот за сместување на бездомни лица, односно за уште еден контејнер со 16 легла и повеќе туш кабини и јас на следната седница на Советот на Град Скопје ќе предложам средствата во износ од 2 000 000 денари кои беа предвидени за новогодишната прослава во градот да ги намениме за проширување на капацитетот за сместување на бездомни лица во пунктот во Момин Поток", истакна градоначалникот Трајановски.
Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје е отворен во 2008 година, и во текот на работната недела работи во понеделниците кога бездомниците добиваат хигиенски услуги и секој петок кога добиваат и чисти алишта, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог, оброк и топла напивка. Транспортот на корисниците на услуги на пунктот го обезбедува Црвениот крст и тоа од неколку локации во градот и по добиените услуги, бездомниците повторно се враќаат на истата локација. Поради екстремно ниските температури од 30 декември прифатилиштето е отворено 24 часа за згрижување на бездомниците.
Вкупниот трошок за функционирање на пунктот на годишно ниво изнесува 1.700.000 денари, од кои 500.000 ги обезбедува Град Скопје, а преостанатите се обезбедуваат од буџетот на Црвениот крст на град Скопје, како и од други донатори.


Текстот е прочитан 589 пати.
#
Во Кисела Вода реализирани 80 отсто од проектите
Сендвичи за луѓето на улица
И монтажните паркиралишта ја чекаат новата влада
ЈСП се враќа на 9-ка и 19-ка
Аби голтнал камен фрлен од посетител
Центар ќе ја урива дивоградбата на "Самоилова"
Со високи казни ќе се спречува паркирање на "Боемска 2"
Годинава подземни контејнери на 12 нови локации низ Скопје
"Паркови" привремено ќе пресели 14 дрвја од "Народен фронт"
Пцовиса Аби, братчето Кан остана само

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter