Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
Македонија

10.01.2017, 10:08

ПОРАДИ НЕЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА СЕ БАРА ПЛАСМАН НАДВОР

Јадеме кинески лук со хемикалии, а нашиот го извезуваме

Македонскиот пазар е преплавен со лук од Кина, а домашното производство, иако може да ги покрие годишните потреби, завршува во Албанија. Земјоделците од кавадаречкото село Дреново, кое е најголем производител и бренд за лук во Македонија, велат дека нелојалната конкуренција ги натерала да бараат пазар надвор од земјава.

"Годишно по 500 тони лук од Дреново одат за Албанија, а околу 200 тони ги продаваме на пазарот во Македонија. Но, овде сериозна конкуренција ни е кинескиот лук кој не само што е поевтин, туку и изгледа подобро. Главиците се бели, спакуван се во убава амбалажа и поради тоа потрошувачите прво се фаќаат за него на тезга или кога ќе влезат во продавница. Но, не сум сигурен дали е поздрав и побезбеден за јадење. Со оглед на тоа што како прво многу долго патува до кај нас, а како второ не знаме ниту на каква почва се одгледува и дали е ГМО", вели Тодор Димов, производител на лук од село Дреново.
Во супермаркетите цената на килограм кинески лук е околу 300 денари, а на македонскиот достигнува цена и до 320 денари, но ретко може да се најде.
"Трговците ја зголемуваат цената на нашиот лук. Од кај нас го откупуваат за 40 до 50 денари за килограм, а додека да стигне до Скопје и другите поголеми градови цената му ја зголемуваат за пет до шест пати. На селските пазари се продава по цена од 120 до 150 денари. Заработувачката е мала, бидејќи трошоците се големи, но дел од нив ги покриваме со субвенциите од 3.000 денари по декар", вели Димов.
Според податоците на Државниот завод за статистика, од почетокот на 2016 година до октомври во Македонија биле увезени вкупно 220 тони лук во вкупна вредност од 73 илјади евра, но притоа не е наведено неговото потекло.
Според пишувањата на австралиските медиуми, Кина е еден од најголемите извозници на лук, но овој производ не ги поминал безбедносните протоколи за храна на Австралија. Австралиските експерти тврдат дека кинескиот лук е полн со хемикалии кои му го продолжуваат рокот на траење, дека се избелува со хлор или со мешавина на сулфур и дрвен јаглен за да изгледа здраво и бело и му се додаваат хормони за да се спречи 'ртењето. Според нив, овој лук ги нема богатите лековити својства кои треба да ги има. (И. С.)


Текстот е прочитан 2113 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Богојавление - Водици во Македонија (Фотогалерија)
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter