Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.04.2017, 12:47

Заврши реконструкцијата на сообраќајницата

Проширени 430 метри на булеварот "АСНОМ"

Формирана е нова крстосница на вкрстувањето на булеварот "АСНОМ" со булеварот "Февруарски поход", а уредени се и две нови автобуски стојалишта

Завршија градежните работи за проширување и реконструкција на дел од булеварот "АСНОМ", на потегот од објектот на Фудбалската федерација на Македонија, Куќата на фудбалот, до првите куќи на улицата "Тодор Чангов" во Лисиче.
Од Град Скопје информираат дека се проширени 430 метри од булеварот "АСНОМ", а сообраќајницата доби четири сообраќајни ленти, по две во секоја насока, широки по 3,5 метри. Изведена е и средишна жардиниера, со променлива ширина од 2 до 5 метри, како и тротоари, велосипедска патека и зеленило.



Во текот на градежните работи беше формирана нова крстосница на вкрстувањето на булеварот "АСНОМ" со булеварот "Февруарски поход", а уредени се и две нови автобуски стојалишта. Поставена е нова атмосферска канализација со должина од 221 метар и со профил на цевките од 500 милиметри. За осветление на новопроширената сообраќајница поставени се 28 столбови за улично осветление, високи по 10 метри.
"Со проширувањето, булеварот 'АСНОМ' ќе претставува вистински сервис за жителите на новите згради кои се изградени во неговата близина, ќе го олесни одвивањето на сообраќајот, ќе се намали метежот и ќе се овозможи забрзан развој на Општината Аеродром", соопшти Град Скопје.
На проширувањето и реконструкцијата на булеварот "АСНОМ" работеа градежниците на ДГ "Бетон" АД Скопје, а Град Скопје вложи околу 31,8 милиони денари.


Текстот е прочитан 1003 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter