Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

31.03.2017, 12:56

ПО СЕДУМ ГОДИНИ ГРАДЕЊЕ

"Водовод" преселен, се чека свечено отворање

Новата зграда со 15 шалтери за корисниците

Јавното претпријатие "Водовод и канализација" целосно се пресели во новата управна зграда изградена на местото на старите бараки под Кале. Од претпријатието велат дека веќе трета недела функционираат во новите простории, кои наскоро и јавно ќе ги покажат оти се планира официјално, свечено отворање.
"Во новата управна зграда на приземјето има дури 15 шалтери, за разлика од 5-те во минатото, за да нема повеќе талкање, турканици и метеж, а граѓаните брзо и на достоинствен начин сега можат да си ги намируваат своите сметки или да ја добијат информацијата која им треба", велат од "Водовод".
Истата е на 5 ката и 3 подземни нивоа со корисна површина од 10.000 квадратни метри. На приземјето се сместени наплатната служба и архивата, на првиот кат е сместена службата за сметководство, финансии, јавни набавки и комерција, на вториот кат правната служба и ИТ секторот, на третиот кат техничкиот сектор, одделението за ревизија, одделението за професионална одговорност и одделението за контрола на корисниците. На четвртиот кат е сместен раководниот тим на претпријатието, додека на петиот кат се наоѓа ресторанот за вработените.
Подземната гаража има капацитет за 138 возила.
Новиот објект почна да се гради во 2011 година со најава дека изградбата ќе чини околу 10 милиони евра. Претпријатието седум години беше сместено под кирија на улицата "Македонија". (М.И.П.)


Текстот е прочитан 2777 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter