Македонија Култура Скопје Живот Спорт Свет Калеидоскоп Култура свет
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.04.2017, 15:00

Г.г. Стефан: За другите даваме се, а кога се работи за нас и нашите национални интереси тешко ни оди

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше со светата архиерејска литургија што по повод празникот Источен петок – Балаклија се одржа денеска во црквата „Света Богородица“ во Тетово.

На одбележувањето на празникот посветен на пресвета Богородица што се прославува на првиот петок по Велигден учествуваше и митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, повеќе свештенослужители од тетовското намесништво на МПЦ – ОА, како и голем број верници.

Пред присутните г.г. Стефан порача да размислуваме за христијанските придобивки и со нашиот живот и нашите дела да потврдуваме дека воскресението живее и во нашите души и оти сме народ на верата и на Бога.

- И ние самите, но и другите забележале дека сме добродушен, кроток и гостопримлив народ. За други сме подготвени да дадеме се што имаме и лебот од устата што вели народот да го поделиме со други. Од кај нас во Македонија гладен и жеден никој не си отишол. За други сме подготвени да дадеме и она што за себе малку имаме. Тоа веројатно е најмногу поради христијанското во нас, поради евангелското во душата на македонскиот човек. Но, има и нешто за кое треба да се прашуваме зошто е така, бидејќи сосема сме други кога се во прашање меѓусебните, македонски односи и работи, рече г.г. Стефан.

Ништо меѓу нас или многу тешко, посочи, ги договараме и решаваме работите, па дури и оние што се од национален и државен интерес.

- Дури и за духовните, црковните работи кога расправаме најпрвин го гледаме личниот, партискиот, а не заедничкиот интерес, го гледаме личното и сегашното убедување, а не она што е вековно присутно и меѓу нашиот народ и меѓу поголемиот број цивилизирани народи. На Македонија ако и го одземеме или непризнаеме христијанското што ќе остане од неа. Ако имаме нешто со што може да се гордееме, тоа е нашето духовно, христијанско наследство и затоа ќе прашам зошто некои се противат на задолжителното воведување на веронауката и на можноста младите генерации да ја знаат верата на нашите постари, да знаат што е ова што е создавано на христијански основи во Македонија, рече г.г. Стефан.

Во рамки на одбележувањето на празникот верниците се поклонуваа пред иконата на пресвета Богородица и според традицијата оставаа црвено велигденско јајце. Согласно црковните обичаи, во дворот од црквата митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф ја освети водата од која земаа верниците за здравје.


Текстот е прочитан 809 пати.
#
Истрага за Македонија: Сенаторот Ли побара Трамп да го скрши бирократскиот отпор во Стејт Департментот
Иванов: Поради забавување на европеизацијата на нашиот простор, повторно се јавија големонационалистички проекти
Иванов: Унгарија е вистински пријател на Македонија
Иванов: Без отстранување на правната и политичката пречка не можам да доделам мандат
Иванов: Сорос стои позади палењето на Народната канцеларија
СДСМ: Да прекинат неразумните блокади и да се испочитува мнозинската волја
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бараат предвремени избори за да го казнат СДСМ
Хојт Ји на 1 мај во Скопје заради политичката криза
Граѓаните пред седиштето на СДСМ: Посилни сме од Тиранската платформа и неа нема да ја има, бараме предвремени парламентарни избори (Фото)
58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter