Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.09.2016, 20:43

АВТОМОБИЛИ

ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ДИЗАЈНЕР ЗА МЕРЦЕДЕС, СЛАВЧЕ ТАНЕВСКИ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ МОДЕЛ ГЛЦ КУПЕ

Цртав автомобили уште во градинка

Новиот "мерцедес ГЛЦ купе", прв сериски автомобил комплетно дизајниран од Македонецот Славче Таневски, вчера беше претставен во салонот на "Мерцедес" на "Мак Аутостар" во Скопје. Првите луѓе на "Мерцедес", најстариот производител на автомобили во светот, го ангажирале Славче во дизајнирање на овој автомобил, а интересно е тоа што на "мерцедесот ГЛЦ купе", како дизајнер Славче работел сам. Најчесто праксата при дизајнирање на автомобили, секаде во светот, да работат повеќе дизајнери.

"Со оглед на тоа дека дизајнирањето е долготраен процес, кој трае 3-4 години, од она што е нацртано на хартија, па до конечната форма, навистина се изначекав додека да го видам мојот автомобил на улица", изјави 28-годишниот Славче.
Тој на автомобилот започнал да работи во 2011 година, откако се вработил во "Мерцедес", кое е и негово прво вработување по дипломирањето. Славче учествувал на конкурсот по дизајн, на кој победил. Потоа почнал да работи хонорарно, за на крај, откако ја покажал својата скица, да добие шанса од првите луѓе на "Мерцедес", исклучиво сам да го дизајнира "мерцедесот ГЛЦ купе".
Македонскиот дизајнер во "Мерцедес" открива дека идеите за дизајните на автомобилите доаѓаат од секаде, па дури и од автомобилите во цртаните филмови.
Неговиот "мерцедес" тој го опишува како спортско корисно возило, кое кога се вози дава чувство на уживање.
"Подлогата е доволно одвоена од земја за да може да се вози и на високи терени", додава Славче. Автомобилот со ознака "ГЛЦ купе", беше долгонајавуваниот модел на "Мерцедес", а своето деби го имаше на Саемот за автомобили во Њујорк.

45.000 евра за купето на Славче

Овој модел е долг 473 сантиметри, висок 160 сантиметри и со меѓуоскино растојание од 283 сантиметри.
Во понудата кај серискиот модел на почеток ќе има два дизелски агрегати, еден бензинец и хибридна верзија. Во Германија се очекува да биде со цена од околу 45.000 евра.

Уште како дете возев се што е на тркала

"Ретко се добива шанса еден дизајнер сам да дизајнира возило. Сепак, мене ме познаваа како студент од студиите на факултетот во Минхен, и ете, штом се вработив во 'Мерцедес', ја добив шансата и довербата да го направам ова", вели Славче, кој пред да замине во Минхен, првата година по студии ја завршил на Машинскиот факултет во Скопје.
Тој открива дека уште како мал, пред да тргне во градинка, почнал да црта скици со автомобили. Но, и дека постојано играл со коли, или како вели "возев сe што е на тркала".

А. Георгиев
фото. В. Тануровски


Текстот е прочитан 14140 пати.
#
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Тојота подготви спортско издание на Јарис
КИА влегува во светот на спортските лимузини
"Ц-Елизе" доаѓа освежен и поелегантен
"БМВ" ќе ги електрифицира сите модели до 2020 година
„Мерцедес-АМГ“ најбрзо возило со заден погон на Нирбургринг
"Мајбах С650 кабриолет" е најскапиот сериски модел на "Мерцедес"
"Ферари 250 ГТО" се продава за 52 милиони евра!

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter