Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
Црна хроника

11.01.2017, 10:00

ИЗРЕЧЕНИ ПРЕСУДИ НА ТРОЈЦА КРАДЦИ ВО СУДОТ ВО КРИВА ПАЛАНКА

За кражба на три вреќички со ореви ќе лежат две и пол години затвор

Тројца крадци, меѓу кои и една жена од Крива Паланка, во тамошниот суд, за кражба на три вреќички со 24 килограми ореви се осудени на вкупна затворска казна во траење од две и пол години. Затворската казна во траење од една година добил обвинетиот З.Н., а му била изречена во отсуство, додека, пак, С.А. и обвинетата Ј.А. за стореното дело се осудени на затворски казни во траење од по девет месеци.

Тројцата осуденици им се добро познати, како на полицијата така и на судовите, бидејќи досега повеќепати биле пријавувани и осудувани на најразлични казни поради серија на тешки кривични дела.
Кражбата, како што е наведено во обвинителниот акт, ја извршиле на 24 ноември пред две години, во куќата сопственост на Г.Г.
Откако тројцата се увериле дека сите во куќата на Г.Г. спиеле, обвинетата Ј.А. застанала во дворот и внимавала некој да не наиде, додека, пак, З.Н и С.А се искачиле до првото проширување на надворешните скали, потоа обвинетиот С.А. се качил на металната ограда, по што, совладувајќи висина од околу 1 метар, се качил на терасата, од каде што одзел три мрежести вреќи со ореви во лушпа од по 8 кг, во вредност од по 100 денари за килограм, или вкупна вредност од 2.400 денари, по што избегале.
Кражбата сопственикот на оревите ја забележал неколку дена подоцна, кога сопругата го замолила да донесе ореви за да прават слатки за новогодишните празници. Веднаш случајот го пријавил во полиција, која извршила увид,а подоцна биле откриени и крадците кои во текот на судењето признале вина и изразиле каење за стореното.

(П.А.Л.)


Текстот е прочитан 1503 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter