Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.06.2016, 21:49

Претседателите на Чешка 90 години се возат во "Шкода"

Во најголем дел од земјите со силна автоиндустрија претседателите и високите државници како службено возило користат автомобил од домашно производство.

"Шкода" пролетва одбележа девет децении од моделот "хиспано-суиза" во кој се возеше првиот претседател на Чехословачка, Томаш Масарик.
"Шкода хиспано-суиза" е претставена во 1926 година и тежела 2,7 тони. Имала посебна патничка кабина во која се возеле државниците, додека возачкиот дел бил одделен со специјално стакло, а автомобилот добивал погон од шестцилиндарски 6,7-литарски мотор. По Втората светска војна за потребите на претседателот Кленет Готвалд, а потоа и за Антоњин Запотоцки е изработена "шкода вос", возило тешко 4,4 тони и долго 5,7 метри.
Првиот чешки претседател во независна Чешка, Вацлав Хавел бил фан на автомобилите и лично ја испробал новата генерација на "Шкода", почнувајќи од "фелиција", "фабија" и "октавија" па до "суперб". Неговиот наследник Вацлав Клаус се возеше во "шкода суперб", а актуелниот претседател Милош Земан лани доби "суперб" од третата генерација кое во моментов го користи како официјалноа службено возило. Оваа кола од луксузната серија "лорин и клемент" е опремена со 2,0 ТСИ бензинец со 280 КС и погон на четири тркала.


Текстот е прочитан 3256 пати.
#
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Тојота подготви спортско издание на Јарис
КИА влегува во светот на спортските лимузини
"Ц-Елизе" доаѓа освежен и поелегантен
"БМВ" ќе ги електрифицира сите модели до 2020 година
„Мерцедес-АМГ“ најбрзо возило со заден погон на Нирбургринг
"Мајбах С650 кабриолет" е најскапиот сериски модел на "Мерцедес"
"Ферари 250 ГТО" се продава за 52 милиони евра!

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter