Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.10.2015, 13:40

УБАВИ ПРОСТОРИ

Енергија за почеток на денот

Здрав појадок кој секој сам може да си го направи по свој вкус, е концепт за почеток на новиот ден кој го нуди просторот наречен "Виталиа мусли бар" во Скопје.

Енергијата за денот што ви претстои ја добивате во просторот наменет за продажба на здрава храна со следење на неколку лесни чекори напишани на табли пред кои има бел пулт со скалесто наредени садови за мусли, суво овошје, семиња и протеини.
Во ентериерот кој го уредил тимот на "Ајде дома" она што прво паѓа во очи е белиот пулт кој е фронтално позициониран во просторот со правоаголна форма.



Тој е акцентиран со името на брендот, осветлен со три лустери од метални жици и е фокусна точка во ентериерот дефиниран со зелени ѕидови, бел плафон и ламелиран под со текстура на дрво.
Препознатливиот хоум мејд дизајн на ентериерите на продавниците на "Виталиа", која е еден од лидерите во производството на здрава храна не само во Македонија, туку и во регионот, се чита во полиците за изложување на производите кои ги прекриваат бочните ѕидови на продавницата.
Тие се направени од дрво, со нагласени вертикали и ја истакнуваат зелената боја на ѕидовите која е синоним за природа и здравје. Ѕидовите се украсени со принт составен од слики кои покажуваат како се подготвува храна и се завршуваат со украсни греди од дрво на плафонот. Дрвото го има и на столбовите кои се дематеријализирани и суптилно го насочуваат вниманието кон белите пултови со високи барски столови кои се наоѓаат на двете страни од влезот.



"Виталиа мусли бар" е тивко катче, каде освен производите од широката производна палета на "Виталиа", на посетителот му се нуди мирна и пријатна атмосфера, полна со позитивна енергија. Претставува едно од ретките места во градот каде имате желба да дојдете секогаш кога ви е потребно да се одморите од стресот на секојдневието и да одвоите време за себе и за своето здравје.
(Н.Н.)


Текстот е прочитан 31661 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter