Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.12.2016, 13:30

НАРЕДНАТА ГОДИНАТА ГОТОВА ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА

Од мај матично и во Карпош

Изградбата на објектот во кој ќе има и матична служба е во завршна фаза, односно изведени се околу 70 отсто од градежните активности, а во моментов се работат внатрешни занаетчиски работи

Во мај ќе биде готова новата општинска зграда на Општина Карпош. Изградбата на објектот е во завршна фаза, односно изведени се околу 70 отсто од градежните активности, а останатите 30 отсто кои се работат во моментов се внатрешни занаетчиски работи.
"Останува да се заврши со поставување на подовите, таваните, ѕидовите, поставување на керамички плочки и санитарија. Електричната инсталација е завршена, додека пак водоводната мрежа во моментов се монтира. Исто така, порачана е столарија од Белгија за покривање на пациото. Тоа се горните простории од зградата кои се обложени со стакло.



Во зависност од надворешните временски услови, се очекува дека општинската зграда ќе биде целосно готова до почетокот на летната сезона и дека администрацијата ќе се всели во април или мај. Фасадата веќе е завршена и е енергетски ефикасна како и останатите фасади на објектите на територија на Општина Карпош", велат од Општина Карпош.
Во новата општинска зграда ќе има и матична служба, односно граѓаните од сега ќе може да се венчаваат и на територијата на општина Карпош.
Општинската зграда ќе има приземје, три ката и потпокрив со административен простор за 200 вработени и паркинг со површина од околу 1.000 квадратни метри. Таа се гради на местото на старите општински бараки во Карпош 3. Идејното решение за административниот објект го изработија архитектонските студија "СКАрС" и "Архитектри", кои победија на конкурсот што го распиша Општината. (А.А.)
ФОТО:Д.Перковски


Текстот е прочитан 1100 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Богојавление - Водици во Македонија (Фотогалерија)
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter