Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.12.2016, 13:15

НОВОГОДИШНА РАБОТИЛНИЦА НА ШКОЛИТЕ "КЕМАЛ АТАТУРК" ОД ДОЛНО КОЛИЧАНИ И "ДИМИТАР МИЛАДИНОВ" ОД ЦЕНТАР

И Дедо Мраз и Ноел Баба носат подароци

Учениците изработуваа новогодишни честитки, кои ќе ги продаваат на новогодишен базар следната недела во училиштето "Димитар Миладинов", а со парите ќе купат билети за да одат заедно на претстава

Ученици од основното училиште "Димитар Миладинов" од Центар, вчера беа на новогодишна работилница кај учениците во основното училиште "Кемал Ататурк" во Долно Количани. Учениците од второ, трето и петто одделение од Центар ги пречекаа нивните врсници од Долно Количани. Наставен јазик во школото "Кемал Ататурк" е турски, а во "Димитар Миладинов" македонски, но учениците немаа проблем да се разберат меѓу себе. За миг ја надминаа јазичната бариера и утврдија дека Дедо Мраз е истиот човек со Ноел Баба, оти и едниот и другиот носат подароци. Учениците од второ и петто одделение, заедно изработуваа новогодишни честитки за базарот, кој следната недела ќе се одржи во "Димитар Миладинов", а гости ќе бидат учениците од "Кемал Ататурк". Учениците, пак, од трето одделение од "Димитар Миладинов" им пееја новогодишни песни на дечињата што ги изработуваа честитките, а на крајот од работилницата поделија новогодишни пакетчиња на дечињата од "Кемал Ататурк".



"Со парите од новогодишниот базар ќе купиме карти за некоја претстава, на која дечињата од двете училишта ќе одат заедно", најави Маја Ангелова, директорка на "Димитар Миладинов" која, заедно со наставничките од второ, трето и од петто одделение, беше во посета на училиштето во Долно Количани.
Зборовите кои учениците не ги разбраа, на турски ги преведе директорот на "Кемал Ататрук" Сабри Имер. Тој на гостите, од дворот на училиштето во Количани им го покажа Скопје, над кое и вчера имаше надвиснат облак од нечистотија.
Учениците си закажаа повторна средба во Долно Количани напролет, за да можат заеднички да го проследат будењето на природа оти вчера, и покрај сонцето, беше ладно за да си поиграат во дворот. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 819 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Богојавление - Водици во Македонија (Фотогалерија)
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter