Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.06.2016, 14:18

Се подготвува премиерата на втората генерација „Порше Панамера“

Компанијата "Порше" објави кратко видео со кое ја најави втората генерација на својата луксузна спортска лимузина "Панамера".

Новата " Панамера" е подготвена да се појави пред очите на јавноста, а "Порше" како уште еднаш да имаше потреба да нагласи дека лансирањето на овој модел со четири врати е исправна одлука. Во краткиот филм, производителот од Штутгарт потсетува на некои од најважните пресвртници во историјата на компанијата, кога за донесување одлуки била потребна храброст (ќе додадеме и визија), додека многумина сметале дека во прашање е чиста лудост.
Така било и кога "Порше" одлучил моторот да го смести во задниот дел на своите автомобили, но и при лансирањето на својот прв СУВ модел:
Во пресрет на премиерата на "Панамера" за 2017 година "Порше" објави дизајнерска скица на профилот на автомобилот и делумно затемнета фотографија на задниот дел од возилото, на која се гледаат новите стоп светла и нагласените, широки калници, како навестување на поспортскиот изглед во однос на првата генерација.



Неодамна на Интернет стигна и фотографијата на кабината на новата "Панамера", која открива дека внатрешноста на автомобилот е помодерна од актуелната верзија, со значително помалку класични копчиња и нов, голем екран на мултимедијалниот систем во форма на таблет.
Дисплејот зазема најголем дел од горната позиција на средишната конзола, па централните вентилациски отвори место од страна, како на првата генерација, сега се наоѓаат малку пониско, на панелот на кој е и рачката на менувачот, а командите меѓу возачот и совозачот се активираат на допир од прст.
Новата "Панамера" е поставена на MSB механичката платформа на групацијата "Фолксваген", а се очекува дизајнот на надворешноста да биде инспириран од концептот "Спорт Турисмо" од 2012 година. Моторизацијата ќе ги опфати турбо В6 и В8 единици, а во понудата ќе биде и верзијата со хибриден погон.
Се очекува "Порше" наскоро и официјално да ја претстави "Панамера" за 2017 година, додека светската саемска премиера треба да се одржи на авто-салонот во Париз, во октомври 2016 година.


Текстот е прочитан 2312 пати.
#
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Тојота подготви спортско издание на Јарис
КИА влегува во светот на спортските лимузини
"Ц-Елизе" доаѓа освежен и поелегантен
"БМВ" ќе ги електрифицира сите модели до 2020 година
„Мерцедес-АМГ“ најбрзо возило со заден погон на Нирбургринг
"Мајбах С650 кабриолет" е најскапиот сериски модел на "Мерцедес"
"Ферари 250 ГТО" се продава за 52 милиони евра!

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter