Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
Свет

11.01.2017, 12:14

ВЛАДАТА НА ОРБАН СО ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА УКИНУВАЊЕ НА НВО КОИ СЕ ВО СЛУЖБА НА ГЛОБАЛНИТЕ КАПИТАЛИСТИ

Унгарија ќе ги затвори невладините организации поврзани со Сорос

УНГАРИЈА (Блумберг) - Унгарија планира да ги затвори невладините организации поврзани со милијардерот Џорџ Сорос откако Доналд Трамп ќе влезе во Белата куќа, рече заменик шефот на партијата на премиерот Виктор Орбан, објави угледниот весник Блумберг.

Унгарија, која е членка на ЕУ, "ќе ги искористи сите алатки што ѝ се на располагање" за да ги "збрише" НВО финансирани од милијардерот со унгарско потекло, кои работат "во служба на глобалните капиталисти и ја поддржуваат политичката коректност повеќе од националната влада", рече Шилард Немет, потпретседател на владејачката партија Фидеш.

Немаше одговор од канцеларијата на Институтот Отворено општество во Будимпешта.

"Сметам дека има прилика за ова, на интернационално ниво" поради изборот на Трамп, рече Немет.

Парламентот ќе почне да дебатира за предлог-закон со кој властите ќе имаат можност да ги стават овие НВО под истрага.

Орбан, првиот европски лидер кој јавно ја поддржа кампањата на Трамп, ги игнорираше критиките од Европската комисија и од администрацијата на претседателот на САД во заминување Барак Обама дека гради самопрогласената "илиберална држава" според моделот на авторитарни режими како Русија, Кина и Турција.
Во 2014 година Орбан лично му нареди на државниот инспекторат да изврши инспекција на фондациите финансирани од Норвешка и рече дека граѓанските групи финансирани од странство се паравани за "платени политички активисти".

Орбан и неговата администрација честопати ги пикираше невладините организации поддржани од Сорос, поддржувач на Демократската партија во САД кој има широка мрежа на организации што промовираат демократија во земјите од поранешна комунистичка источна Европа.

Трамп исто така го обвини 86-годишниот милијардер дека е дел од "глобална структура на моќ што е одговорна за економските одлуки што ја ограбија работничката класа, го расфрлаат богатството на земјата и тие пари ги ставаат во џебовите на неколку големи корпорации и политички ентитети."


Текстот е прочитан 1336 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Богојавление - Водици во Македонија (Фотогалерија)
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter