Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

25.01.2017, 14:22

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ЛАНИ

Градот сработи капитални проекти во сите 10 општини

Градоначалникот Коце Трајановски ја оцени како успешна 2016 за Градот Скопје, потенцирајќи дека со реализираните проекти значително се подобрил квалитетот на животот на жителите.

Тој на вчерашниот брифинг даде отчет за сработеното лани и ги најави поголемите проекти за оваа година.
"Реализиравме голем број капитални проекти во сите 10 општини. Во Општина Кисела Вода ги започнавме реконструкцијата и проширувањето на третата фаза на булеварот "Борис Трајковски", на потег од Стаклара до влезот на Пинтија, проект кој целосно ќе се реализира оваа година. Во 2016 година го започнавме и проектот за пробивање на булевар "Србија", а ја реконструиравме улицата "Народни херои". Во Општина Аеродром ја почнавме изградбата на булевар АСНОМ и втората фаза од проектот за реконструкција и проширување на булевар "Трета македонска бригада". Го изградивме и паркот кај последната автобуска станица број 5", рече Трајановски.
Во Гази Баба минатата година, како што истакна, го изградиле најголемиот кружен тек во Скопје помеѓу улиците "16 македонска бригада" и "Коце Металец", како и натпатникот на булеварот "Александар Македонски", помеѓу населбите Инџиково и Хиподром, а завршена е и првата фаза од проектот за проширување на улица "Маџари". Трајановски рече дека во Општина Чаир ја започнале реконструкцијата на булеварот "Христијан Тодоровски - Карпош", во делот на Чаир, а во тек се градежните работи за изградба на атмосферска канализација на улиците "Џон Кенеди" и "Кемал Ататурк".



Во Бутел е започната изградбата на булеварот "Христијан Тодоровски - Карпош", на потегот од крстосницата со булеварот "Босна и Херцеговина" до улицата "Натанаил Кучевишки", а во Шуто Оризари е почнат проектот за изградба на нов водоснабдителен систем. Во Ѓорче Петров , Градот го реализираше проектот за пробивањето на булеварот "Партизански одреди", од кружниот тек кај Порта Влае до кружниот тек кај црквата "Свети Петар и Павлее, додека во Општина Сарај е реконструирана улицата број 5, како и главната улица во Шишево, а започната е обновата на првиот дел од главната улица во Сарај.
"Во Општина Карпош, во 2016 година ја започнавме изградбата на фекалниот колектор по должината на булевар 'Партизански одреди' и проширувањето на крстосницата меѓу булеварот 'Митрополит Теодосиј Гологанов' и улицата 'Васил Чакаларов'. Минатата година го изградивме и третиот дел од паркот Македонија. Во Општина Центар во 2016 година ја започнавме првата фаза од проектот за реконструкција и проширување на улицата 'Тодор Александров', која треба да заврши годинава", додаде градоначалникот Трајановски.
Како поголеми проекти кои треба да се реализираа годинава, Трајановски ги издвои проширувањето на булевар "Митрополит Теодосиј Гологанов", изградба на улицата "Есенинова", која ќе ги поврзе Кисела Вода и Аеродром, проширување на пластичарската улица, проширување на булевар "Александар Македонски", како и изградба на кружен тек кај "Хубо маркет".(А.А.)


Текстот е прочитан 792 пати.
#
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"
И Советот на Центар изгласа стопирање на улицата на Кеј 13 Ноември
Пролет значи нова ера
Стопирана изградбата на улицата на кејот
Паркот Жена-борец првпат ќе добие прскалки

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter