Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО
Македонија

19.04.2017, 15:39

ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ ПОРАЧУВААТ ДА НЕ СЕ ОДЛОЖУВА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ МОРБИЛИ

Една третина од скопските дечиња не се заштитени од мали сипаници

Повеќе од една третина од децата на 13-месечна возраст во Скопје не се вакцинирани против мали сипаници. Ова го покажуваат бројките од Институтот за јавно здравје, според кои опфатот на вакцинирани деца со примовакцина против морбили, која се прима со навршени 13 месеци, во Скопје изнесува 66 проценти, односно толку деца ја примиле вакцината. Останатите деца не се вакцинирани.

"Од 2.800 деца на возраст од 13 месеци, кои не ја примиле првата доза од МРП вакцината, 2.400 се во Скопје. Досега во Скопје опфатот на вакцинирани не бил низок. Апелирам родителите да ги донесат децата во пунктовите за имунизација и да ги вакцинираат", рече Татјана Баевска - Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје.
Апел да не се одложува вакцинирањето на децата упати и д-р Јованка Костовска, државен советник во Министерството за здравство и член на Комитетот за имунизација, која рече дека вакцината е квалитетна, проверена и безбедна и оти со години се употребува. Таа објасни дека првата доза од оваа вакцина во 2015 година ја примиле 88 отсто од децата на 13-месечна возраст, а лани опфатот паднал на 82 процента во цела држава.
"Родителите неоправдано ја одложуваат МРП вакцината, бидејќи мислат дека таа е поврзана со појава на аутизам. Вакцината нема никаква врска со појава на аутизам и нема причина да се одложува вакцинацијата, особено сега кога во западноевропските земји има епидемија на морбили, а во Романија и Бугарија има и починати деца", рече д-р Костовска.
Таа објасни дека пред да се воведе оваа вакцина, во Македонија имало голем број заболени и смртни случаи.


Текстот е прочитан 992 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter