Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.03.2017, 14:21

ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БЛОКОТ А

335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"

Оваа недела треба да почне префрлањето на студентите од блоковите В и Г за и тие да бидат реконструирани

Градежните активности за реко­нструкција на блокот А во студентскиот дом "Гоце Делчев" се завршени. Оваа недела треба да почне префрлањето на студентите од блоковите В и Г за да почнат и тие да се обновуваат.
Со околу 1,5 милиони евра е извршена замена на врат­ите, прозорците, под­овите, електричната и водоводната инстал­ација, системот за парно греење, молерис­ување на ѕидовите, поставени со нови лиф­тови и комплетно нова опрема во сите соб­и. Во унапредување на смест­увачките капацитети на домот досега се инвестирани околу 6 милиони евра.
"За двата блока кои до­сега се обновени, ин­вестирани се 3 милио­ни евра. Секој од блоковите во просек имаат меѓу 320 и 335 легла, што само по себе е како една висококатница. Втората крупна инвес­тиција која се реализира е набавката на мебел­от за сите државни студентски домови. Во следните 45 дена се очекува на ниво на цела држава да се заврши со замена на мебелот, а на барање на самите студенти набавени се перални и сушални исклучиво за нивни потреби", рече министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој во саботата заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски беше во посета на домот.



"За 200 илјади евра ќе се набават 50 професионални ма­шини за перење и 50 професионални машини за сушење алишта со капацитет до 10 кил­ограми.
Тие ги ветивме минатата година во рамките на 40 проекти за младите. Од четири блока, блоковите А и Б веќе се комплетно завршени и следуваат блоковите В и Г. Идејата беше да не се затвори студентскиот дом две години за да се реновира, туку студентите да има каде да престојуваат, а дел по дел да се заврши. Сè што ветивме се реализираше", рече Груевски.
Министерот Ристовски, посочи дека веќе е избрана компанија која ќе ги обнови блоковите В и Г. Откако ќе се завршат сите блокови ќе биде извршено и целосно партерно уредување на студентскиот дом.
Директорката на студентскиот дом "Гоце Делчев" Даниела Темелкова рече дека со реконструкцијата се подигнува студентскиот стандард и студентите ќе имаат поголемо задоволство од својот престој во овој студентски дом.


Текстот е прочитан 328 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter