Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

31.03.2017, 13:00

Пролетно садење во паркот во Гази Баба

Во паркот во Гази Баба се засадени 60 листопадни садници во рамките на акцијата "Пролетно садење", што го организира Град Скопје.

"Денеска во паркот на природата Гази Баба ја продолжуваме акцијата за садење 5.000 садници во Скопје, како дел од акцијата на Градот што започна изминатата есен за засадување 250.000 дрвја на територијата на град Скопје. Во рамките на пролетната акција заедно со општините ќе засадиме 5.000 квалитетни садници по дрвореди и во средишното зеленило на булеварите, на јавните зелени површини, парковите, како и во Спортскиот центар во Сарај", рече градоначалникот Коце Трајановски и потсети дека само на таа ледина, која била гола, минатата година и годинава се засадени околу 1.000 садници. Тој најави дека се планира акцијата да продолжи и наесен и да се придонесе за почист воздух, почиста животна средина и за зачувување на здравјето на граѓаните.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски апелираше до граѓаните кои доаѓаат да се рекреираат и да уживаат во нејзината убавина посовесно да се однесуваат при нивниот престој, бидејќи, како што рече, таа е второто белодробно крило на Скопје.
Во вчерашното садење во парк-шумата Гази Баба учествуваа учениците од средните училишта "Панче Арсовски", "Цветан Димов", "Арсени Јовков", "Боро Петрушевски" и од "8 Септември".


Текстот е прочитан 587 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter