Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.06.2016, 23:09

"Мерцедес" го претстави хардкор тркачот "АМГ ГТ Р"

"Мерцедес" го искористи традиционалниот фестивал на брзината, "Гудвуд", за да ја претстави хардкор верзијата на својот суперспортски модел "ГТ", кој сега ја носи и ознаката "Р".

На претставувањето беше присутен светскиот првак во Ф-1, Луис Хамилтон, а највпечатлива е зелената грин хел мањо боја.
Во однос на досега најсилниот"ГТ С", Р-верзијата доби нови турбополначи, како и ремапиран компјутер на моторот и поголем степен на компресија. Резултат на тоа се 580 КС, што е за 75 КС повеќе во однос на "ГТ С".
Седумстепениот АМГ-менувач доби нешто подолг прв степен на пренос, како и пократка седма брзина, а истовремено е скратен и финалниот пренос.
"Мерцедес АМГ ГТ Р", освен со предните, ќе се управува и со задните тркала! Под брзина од 100 км/ч, задните тркала ќе се движат во спротивна насока од предните до 1,5 степени за да се зголеми агилноста, додека над 100 км/ч, задните ќе ги следат предните за да обезбедат стабилност.
"ГТ Р" до 100 км/ч стигнува за 3,6 секунди, а тракцијата ја обезбедува не само електронскиот "шпер" диференцијал туку и огромните "мишелин" задни пневматици со димензија од 325/30Р20. Купувачите можат да се одлучат за карбонско-керамички дискови со пречник од 402 мм.
Инженерите се потрудија Р-верзијата да има максимално олеснување (1.554 кг) и да ја зголемат силата во 4,0-литарскиот В8-мотор за да може без грижи да застане на стартот со конкурентните модели на "911" и "Р8" на "Порше" и на "Ауди". "ГТ Р" забрзува за 3,5 секунди, а максималната брзина е сместена на 318 км/ч.


Текстот е прочитан 1630 пати.
#
Тојота подготви спортско издание на Јарис
КИА влегува во светот на спортските лимузини
"Ц-Елизе" доаѓа освежен и поелегантен
"БМВ" ќе ги електрифицира сите модели до 2020 година
„Мерцедес-АМГ“ најбрзо возило со заден погон на Нирбургринг
"Мајбах С650 кабриолет" е најскапиот сериски модел на "Мерцедес"
"Ферари 250 ГТО" се продава за 52 милиони евра!
"Опел" со "мока икс" ќе привлекува млади купувачи
Твинго ГТ, доказ дека добрите работи доаѓаат во мали пакувања
Киа со освежен соул доаѓа во Европа

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter