Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.03.2017, 13:01

НОВАТА ИНСТАЛАЦИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ ЌЕ ГО ПРОЧИСТУВА ВОЗДУХОТ

Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје

Мовот и растенијата ја привлекуваат и ја фаќаат ситната прашина, а потоа ја претвораат во фитомаса, која ја користат како храна

Скопје доби екобилборд или "City Tree", кој е поставен веднаш до хотел "Мериот", во центарот на градот. Билбордот е направен од мов и од растенија кои го апсорбираат загадувањето од воздухот, односно кои апсорбираат ПМ честички, азотни и сулфурни оксиди, јаглероден моноксид и јаглероден диоксид, озон. На вчерашната официјална промоција на инсталацијата, која е поставена на иницијатива на невладината организација "Екосвест", а со финансиска поддршка од Германската амбасада и од македонски приватни компании, Ана Чоловиќ - Лешовска од "Екосвест" објасни дека екобилбордот е иновација од германската компанија "Грин сити солушнс" и оти е самоодржлив, бидејќи потребната електрична енергија ја добива од соларен панел. Таа објасни дека билбордот е направен од мов кој, всушност, има апсорбирачка способност, а врз него се поставени други растенија, и оти заедно дејствуваат во симбиоза.
"Мовот и растенијата ја привлекуваат и ја фаќаат ситната прашина, а потоа ја претвораат во фитомаса, која ја користат како храна. Овој растителен филтер го компензира загадувањето од 417 автомобили годишно, а има ист ефект како 275 дрвја", рече Чоловиќ - Лешовска.
Германската амбасадорка во земјава Кристине Алтхаузер рече дека квалитетни воздух и вода и неуништена животна средина се еднакво важни и во норвешкиот град Осло каде што веќе има ваков билборд, и во Скопје, Тетово и во Битола. Таа објасни дека прашањата за заштита на животната средина се меѓу приоритетните во Германија и оти и за 2017 година се планирани други еколошки проекти. Ваков билборд е поставен и во Тетово.


Текстот е прочитан 1493 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter