Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.01.2017, 14:14

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ ТРАЈКОВСКИ ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ ЗА 2017 ГОДИНА

Гази Баба годинава ќе асфалтира 72 улици

Општина Гази Баба годинава ќе продолжи со санација на поплавените подрачја, ќе асфалтира улици, ќе гради училиште и градинка, ќе менува покриви на училишта, ќе продолжи со садење дрвја, а ќе реализира и низа проекти, меѓу кои има и проект за кофинансирање на граѓаните за менување на покриви, фасади и на лифтови во зградите.

Проектите вчера ги најави градоначалникот Тони Трајковски.
"Во соработка со Владата на РМ и со Град Скопје, ќе се продолжи со асфалтирање и санација на улиците во местата кои беа погодени со елементарната непогода во населените места Инџиково, Ченто, Сингелиќ, Брњарци, Стајковци, Виниче, Црешево, Булачани, Смилковци. Планирано е асфалтирање и на 72 улици. Ќе се асфалтираат улици и во населбите Кирил Петрушевски, Маџари, Ќерамидница и во н.м. Идризово. Ќе се продолжи со изградба на паркинг-простори во населбите Железара, Автокоманда, Триангла и Ченто. Во соработка со Владата, планирано е да се започне со изградба на ново ОУ 'Вера Јоциќ' во Хиподром и изградба на нова детска градинка во Стајковци", рече градоначалникот Трајковски.
Годинава ќе продолжи изградбата на фекалните канализации во Трубарево, Јурумлери, во Црешево, а треба да почне и изградба на фекалната канализација во Гоце Делчев, Смилковци и во Колонија. Со изградба на водоводна мрежа ќе се продолжи во Булачани, Раштак, во Брњарци, а ќе се работи на подобрување на водоснабдувањето во Железара и во Ченто.



Во соработка со Град Скопје ќе се работи на изградбата на комунална и патна инфраструктура во новата населба Хиподром 2. Треба да се изгради директен влез и излез од булеварот во оваа населба, како и влез и излез кон населеното место Инџиково.
За заштита на животната средина Општината ќе продолжи со
садење дрвја и создавање нови зелени површини во урбаните населби, садење дрвореди по булеварите и улиците, пошумување на парк-шумата Гази Баба, пошумување на Скопска Црна Гора и пошумување на појасот покрај обиколницата.
Годинава е предвидена е замена на котлите за греење во ОУ "Дане Крапчев" , ОУ"25 мај" и во градинката "Искара" во Ченто каде што треба да се постават котли за греење на пелети, место на нафта. Општината годинава има одвоено средства и за кофинансирање на граѓаните за санацијата на кровните конструкции, фасадите и на лифтовите во колективните згради и за субвенционирање на граѓаните од руралните подрачја во делот на нивната обврска за надоместок за одводнување на земјоделските површини.
Ова се само дел од проектите кои ги најави градоначалникот Трајковски, кој вчера даде отчет и за сработеното минатата година. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 930 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter