Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.04.2017, 13:18

ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО СПРОВЕДЕ РЕШЕНИЕТО ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОБЈЕКТОТ

Урната дивоградбата на "Самоилова"

Објектот на аголот на улиците "Самоилова " и "Никола Карев" е регистриран како дивоградба уште лани во декември, кога беше во фаза на широк ископ

Вчераутро, пред разденување, Општина Центар ја урна дивоградбата на аголот на улиците "Самоилова" и "Никола Карев". Градбата осамна со разурната последна плоча, а околу градилиштето имаше црвена лента за да не се приоѓа до урнатините.
"Со асистенција на МВР, утринава во 3:30 градежна фирма, избрана на тендер, го изврши решението донесено од овластен градежен инспектор на Општината за отстранување на дива градба. Ниту утрово на местото на дивоградбата не се појави инвеститорот на објектот, кој сè уште е непознат", соопштија вчера од Општина Центар.
За стопирање на дивоградбата, Општина Центар реагираше уште минатата година во декември, кога објектот беше во фаза на широк ископ.



Овластен инспектор донесе решение за враќање во првобитна состојба на земјиштето, но решението никој не го примил, а инвеститорот продолжи со градење. На почетокот на февруари, по заеднички увид на инспектор од Општина Центар и на инспектор од Државниот градежен инспекторат, уште еднаш беше констатирано дека објектот е дивоградба. На инвеститорот, од Општината велат дека неколкупати му оставале покани да дојде кај нив, но тој не се појавил ниту, пак, одговорил на ниту една. Поради тоа, пред повеќе од еден месец Општината најави уривање на објектот и побара асистенција од полиција за интервенцијата. Уривањето го закажале веднаш по добивањето согласност за асистенција од полицијата.
На објектот веќе беа изградени два ката над земја. По уривањето, од Центар најавија дека внимателно ќе ја следат состојбата на терен за да реагираат веднаш ако градбата, евентуално, продолжи. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 2265 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter