Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.02.2017, 09:55

ОТЧЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА БИЛЈАНА БЕЛИЧАНЕЦ-АЛЕКСИЌ

Во Кисела Вода реализирани 80 отсто од проектите

Повеќе од 80 проценти од предвидената програма во изминативе четири години е реализирана, истакна градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ

Во областа на образованието и енергетската ефикасност, ја издвои изградбата на две нови училишни згради на основните училишта "Рајко Жинзифов" и "Невена Георгиева-Дуња" со средства на Владата, преку Министерството за образование и наука, додека Општина Кисела Вода инвестирала во реконструкцијата на спортската училишна сала во истото училиште, за која годинава е предвидена и целосна реконструкција на подот. Реконструкција е извршена и во училишните згради на "Круме Кепески" во Припор, "Кузман Јосифовски-Питу" во населбата Црниче, централното основно училиште "Круме Кепески" и на "Кузман Шапкарев" во Драчево. Зголемен е капацитетот на градинките, при што се изградени три нови градинки.
Беличанец-Алексиќ нагласи дека од областа на комуналната инфраструктура, изведени се преку 4 100 метри атмосферска канализација, преку 3 400 метри фекална и над 2 100 метри водоводна мрежа.



Како што рече, реализирани се проекти за отпадни атмосферски води, за обнова и подобрување на патната инфраструктура, изградба, санација, реконструкција и рехабилитација на општинските улици и патишта, нанесени се околу 15.800 квадратни метри асфалт. Поставено е ново улично осветлување и хортикултурно уредување.
Градоначалничката ги спомена и реконструкцијата на Домот на културата во населбата Кисела Вода, како и Паркот на бранителите во населбата Драчево. Најави целосна обнова на старото кино во селото Драчево, со поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и со сопствени средства на Општината.
Меѓу проектите што ќе продолжат со реализација се: легализација на дивоградбите, осветлување на улицата "Мариовска" кон Теферич во Припор, изградба на трибина на фудбалското игралиште ССК во населбата Драчево, реконструкција на улицата "Партизански пат" во селото Драчево, водоводна, фекална и атмосферска мрежа на улицата "Зеленгора" во Пржино, фекална канализација во населбата Градинар, 11 Октомври бараки, атмосферска канализација на улицата "Славка Димкова" во населбата Драчево и други проекти.


Текстот е прочитан 1080 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter