Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.03.2017, 13:17

ЦИА СО СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПО ОБЈАВУВАЊЕТО НА НОВИТЕ ДОКУМЕНТИ НА "ВИКИЛИКС"

Целосно ќе се урниса безбедноста на САД

САД, 10 март - ЦИА соопшти дека Американците треба да бидат загрижени откако "Викиликс" објави неколку илјади необработени разузнавачки документи, во кои се наведуваат детали како ЦИА ги спроведува своите хакерски активности.

ЦИА не потврди дали документите се украдени. Портпаролкана на агенцијата, Хетер Фрик Хорнијак изјави дека ЦИА нема да ја коментира автентичноста на документите, ниту нивната содржина.
Според Хорнијак, тоа не само што може да ги загрози Американците и агентите на ЦИА, туку можат да бидат искористени тие информации со цел да се загрози националната безбедност на САД.
"Викиликс" соопшти дека ЦИА "неодамна" ја загубила контролата врз своите огромни хакерски орудија, како и со поврзаните документи.



И ФБИ отвори истрага за Викиликс

ЦИАи ФБИ покренаа заедничка и координирана истрага за истекувањето на тајните и доверливи податоци што ги објави Викиликс.
Неименуван функционер на американската Администрација изјави дека целта на истрагате е да се утврди на кој начин Викиликс дошол до податоците и дали оној што ги предал се наоѓа во ЦИА или пак е од странство.


Реакции на ИТ гигантите од документите на ЦИА

Неколку технолошки компании, чии производи наводно биле хакирани и користени за шпионажа од ЦИА, ги соопштија своите први реакции.
Од "Епл" изјавија дека ги воочиле пропустите. Самсунг децидно соопшти дека приватноста на неговите клиенти е приоритет, а од мајкрософт додадоа дека се запознаени со извештајот и го разгледуваат проблемот. Од Линукс не се изненадени, бидејќи, како што рекоа, Линукс е широко користен оперативен систем. Од Гугл одбија да коментираат.


Текстот е прочитан 794 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter