Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.04.2017, 10:29

Трамп удри на Сирија, Путин бесен

Соединетите американски држави нападнале сириска воздухопловна база со десетици крстосувачки ракети. Тоа било одговор на смртоносниот напад со хемиско оружје врз цивили што се случи деновиве, а за кој беше обвинета сириската влада.

Нападот бил извршен од воени бродови на Средоземно море, а главна цел била базата Шајрат. Се смета дека токму од таа база бил извршен хемискиот напад. Најмалку четири лица загинаа, од кои еден офицер со висок ранг, во воздушните напади на САД.

Ова е прв директен американски напад врз цели на сириската влада во шестгодишната граѓанска војна во таа земја. Тоа исто така е и најконсеквентна воена наредба на претседателот Доналд Трамп од доаѓањето во Белата куќа.

Непосредно пред американскиот напад, руски дипломати го предупредија Вашингтон да не презема таков чекор, додавајќи дека ќе ги сноси сите негативни последици од тоа. Овој потег претставува драматично вртење за Трамп кој за време на изборната кампања најавуваше повлекување наСАД од конфликтите на Блискиот исток.

Американските напади врз Сирија се агресија против суверена држава, смета рускиот претседател Владимир Путин. Израел изрази целосна поддршка за нападите на САД врз сириска база и ги оквалификува како „силна порака“ која треба да ја слушнат Иран и Северна кореја.

Сириската опозиција смета дека ракетните напади на САД врз база на воено воздухопловните сили на Сирија е важна реакција, што испраќа порака до Дамаск дека не може да дејствува неказнето.

Путин: Америуканскиот напад на Сирија е напад на суверена држава

Рускиот претседател Владимир Путин верува дека американскиот напад на сириските воени постројки претставува агресија против суверена држава, изјави денес портпаролот на Кремљ Димитри Песков.
Претседателот Путин нападите ги смета за агресија врз суверена државаа, рекол Песков. Според неговите зборови, Путин верува дека нападите го кршат меѓународното право. Песков тврди дека сириската војска не поседува хемиско оружје.
Тој додаде дека нападите врз Сирија всушност се обид да се пренасочи вниманието од цивилните жртви во Ирак.
Овој чекор им нанесе голема штета на руско-американските односи, кои веќе беа очајнии, рече тој.


Текстот е прочитан 2449 пати.
#
Емануел Макрон и Марин Ле Пен одат во вториот круг за претседател на Франција
Французите гласаат, ЕУ се тресе
Хидвеги: Сорос даде 3 милиони евра за да создаде опозиција во Унгарија
Косовски медиуми: Можно е Харадинај да биде кандидат на опозицијата на вонредните избори во Косово
Трамп: Со Меркел почувствував „неверојатна хемија“
20 деца загинаа во сообраќајна несреќа во Јоханесбург
Напаѓачот од Шанзелизе бил потенцијален радикален исламист
ИД ја презеде одговорноста за нападот на Елисејските полиња во париз
Еден полицаец убиен, а еден ранет во престрелка на Шанзелизе во Париз
Бил Гејтс: Може да се случи биотерористички напад со 30 милиони жртви

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter