Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.03.2017, 13:54

Крајно заострени односите на Холандија и Турција: Забрани, насилни протести, закани за одмазда...

По влошувањето на турско-холандските односи турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денеска изјави дека ќе и се одмазди на Холандија и дека ќе одговори на најжесток можен начинн. Турција соопшти дека не сака холандскиот амбасадор да се врати во Анката од својот одмор некое време.

Ескалираа тензиите меѓу Турција и Холандија. По синоќешните протести кои завршија насилно во Ротердам по забраната на холандските власти на двајца министри да се обратат кон турската заедница за промоција на референдумот, денеска следуваат низа закани и затворени амбасади.

Вчера холандските полицајци качени на коњи го разбија неколкучасовниот протест пред турскиот конзулат во Ротердам каде стотици поддржувачи на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган почнаа со камења да фрлаат кон полицијата, откако не и беше дозволено на турската министерка Фатма Бетул Сајан Каја да им се обрати на јавен собир. Дел од полицијата беше подржана од блиндирани возила и водени топови во насилното разбивање на немирните демонстрации околу конзулатот.

Во Анкара турскиот премиер Бинали Јилдрим изјави дека Турција ќе возврати на ваквиот потег најостар можен начинн.

За оваа ситуација ние ќе протестираме на најсилен можен начин, и ги известивме холандските власти дека ќе возвратиме најжестоко што можемее. Ние ќе реагираме на ова неприфатливо однесувањее изјави Јилдрим.

Холандскиот премиер Мајк Руте изјави дека бил принуден да ги спречи турските министри да одржат митинзи во Холандија бидејќи Анкара претходно се закани со санкции кон неговата влада.

Ние не може да правиме бизнис под ваков вид на уцении изјави денеска Руте.

Откако не му беше дозволено слетување на турскиот шеф на дипломатија Мевљут Чавушоглу во Холандија, турската министерка за семејни работи Фатма Сајан Каја пристигна од Германија и се обиде да влезе во турскиот конзул во Ротердам за да им се обрати на поддржувачите на Ердоган кои беа собрани да протестираат поради случувањата. Градоначалникот на Ротердам изјави дека тоа не и било дозволено на министерката и дека е испратена и придружувана на патот назад кон Германија од каде што пристигнала со автомобил.

Таа денеска го осуди, како што го наречее грдиот третманн што го добила во Холандија.

Ние бевме изложени на грд и лош третман. Ваквото однесување кон жена министер е многу грдоо изјави Каја пред новинарите на аеродромот во Истанбул каде што беше пречекана од толпа граѓани со турски знамиња.

Холандија рано утрово објави дека обидот на турската министерка во Ротердам да присуствува на собирот за поддршка на турскиот претседател, за чии овластувања се организира референдум во Турција, е неодговоренн.

Вчера жестоко реагираше и Ердоган откако не му беше дозволено да слета на Чавушоглу во Холандија. Во својот говор на митинг во Турција, Ердоган изјави дека холандската влада е потсетува на потомците на нацизмотт.

Ова е втор пат да го стори тоа, претходно ја обвини Германија, уште една земја членка на НАТО, за нацистички практики поради повлекување на дозволата за турската кампања за референдумот со кој сака да ги прошири своите претседателски овластувања.

По ваквите случувања и во двете земји нивните дипломатските претставништва беа опколени со демонстранти.

Турското министерство за надворешни работи соопшти дека не сака холандскиот амбасадор да се врати во Анката од својот одмор некое времее. Тие додаваат дека холандската амбасада и конзулат во Анката ќе бидат затворени поради безбедносни причини, заедно со резиденциите на холандските дипломатски претставници.

Демонстранти го симнаа холандското знаме од конзулатот на Холандија во Истанбул, како реакција на новонастанатата криза меѓу овие две земји. Учесниците во протестот го поставија турското знаме на местото на холандското.

Чавушоглу доцна синоќа пристигна во Париз од каде што денеска ќе се упати кон Мерц каде ќе учествува на јавен собир за поддршка за референдумот.

Претходно во неколку други европски градови беа исто така забранети собири и митинзи на турските политичари кои се обидуваат да го промовираат референдумот во Турција со кој се зголемуваат надлежностите на претседателот.


Текстот е прочитан 1394 пати.
#
Напад во метро во Франција, тројца ранети
Ердоган: За мене Европа ќе биде „нацистичка“ се додека ме нарекува „диктатор“
За Европа: 60 свеќи за радување или 60 свеќи за тагување?
Колку се богати француските претседателски кандидати
Тилерсон лично бара Црна Гора да влезе во НАТО
Обновено - Петмина загинати и 40 повредени во нападот во Лондон
Лекс Ердоганис
Кој ќе ги наследи милијардите на Рокфелер?
Господарите на милијардите
Брегзит почнува на 29. март

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter