Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.01.2017, 13:02

КЕЈТ МИДЛТОН: 10 СТРОГИ ПРАВИЛА НА БРИТАНСКОТО КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО

Принцезите не гласаат

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Животот на Кејт Мидлтон потполно се промени откако пред речиси 6 години влезе во кралското семејство.

Животот во кралските палати не е лесен, туку е полн со правила, протоколи и формалности, а принцезите, кои иако уживаат во некои привилегии, мораат да се откажат од многу секојдневни работи. Ви откриваме 10 строги правила до кои принцезите во секој момент треба да се придржуваат.

Учење на што е можно повеќе странски јазици

Современите принцези мора да знаат што е можно повеќе странски јазици за кога ќе одат на посета на дипломатите од некои странски земји, поголемиот дел од разговорот да го водат на нивниот мајчин јазик.

Одрекување од правото на гласање

Барем така е во Велика Британија. Иако за ова не постои службен закон, жителите на Англија сметаат дека кралското семејство не треба да учествува во изборите, бидејќи тие ја претставуваат целата земја. Кога еднаш жената ќе стане принцеза, за неа повеќе нема гласање на политичките избори доколку сака нејзиниот народ да ја сака.

Откажување од својата дива страна

Жената која ќе стане принцеза најверојатно и не е некој тип голема бунтовничка, но доколку сепак имала некоја дива страна, таа ќе мора засекогаш да се откаже од неа. Ниту таа, ниту нејзиното семејство не смеат да дозволат никакви скандали.

Подготвеност на живот полн со формалности

Прекарите не се дозволени во кралската палата. И принцезата треба да се навикне на тоа останатите да и се обраќаат со Нејзиното кралско височество принцезата...

Секогаш се со беспрекорен изглед

Врвните стилисти барем трипати неделно ја фенираат косата на Кејт Мидлтон, и таа треба редовно да ја негува и скратува. Скоро е невозможно да ја видете Кејт несредена во јавност и таа е идеална пример за совршено дотерана принцеза. Да се биде принцеза не е за некого кој сака да ги извршува работите во облека за вежбање после интензивен тренинг.



Живот во семејство во кои се следат кралските правила

Кралицата ги одредува поголемиот дел од ситниците кои се случуваат во секојдневниот живот во кралското семејство. На пример, правило е вечерата да заврши откако кралицата ќе заврши со нејзиниот оброк.

Присуство во најдобрите училишта и на најпрестижните социјални настани

За една жена да стане принцеза, таа мора да го запознае принцот. Најголема веројатност да се случи тоа е на престижните институции за високо образование, гала вечерите, на баловите или пак хуманитарните случувања. За принцезата е важно да има што е можно повисоко образование, бидејќи таа има важно место во општеството.

Откажување од каква било кариера

Да се биде принцеза е работа со полно работно време и така треба да остане. Дури иако таа се образувала во најпрестижните училишта и стекнала многу дипломи, таа мора да се откаже од сонот да изгради сопствена кариера. Кејт Мидлтон има дипломирано на факултетот за историја на уметност, но не се занимава со тоа во животот.

Не смее да биде член на никаква политичка организација

Принцезата никогаш не смее да се кандидира за каква било политичка позиција поради слични причини поради кои и не смее да гласа. Принцезата ја претставува целата земја, а кандидирањето за ангажирање во некоја политичка странка би создало поделеност.

Мора да се занимава со хуманитарна работа

Поголемиот дел од своето време принцезата го минува занимавајќи се со хуманитарна работа, и со тоа во својата земја претставува грижлива, мајчинска фигура. Поголемиот дел од принцезите се определуваат за една или две хуманитарни цели и работат на подобрување на тие определени подрачја.


Текстот е прочитан 946 пати.
#
Американски проститутки го канат Путин на секс со врзување
Село со 14 милијарди долари годишен приход
Учителка завела 13-годишен ученик и забременила од него
Осуммина поседуваат половина од светското богатство
Блогерка стана милионерка на Јутјуб
Мајка, татко и син родени на ист датум
Како Фејсбук ги изеде весниците
Иванка платила 5.5 милиони долари за куќа во соседството на Обама
Додека ловел крадци, верверичка му ги јадела чоколадите
„Ескорт“ девојки и момчиња нов хит на Инстаграм (фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter