Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.01.2017, 10:07

Али Ахмети: Во игра се четири опции - со ВМРО, со СДСМ, техничка влада и одење во опозиција или пак нови избори

За ДУИ се отворени четири опции: коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, коалиција со СДСМ, техничка влада како до 11-декември и преоѓање на ДУИ во опозиција. Ахмети не исклучува ни неопходност од нови избори.

Во игра се четири опции, изјави синоќа лидерот на ДУИ, Али Ахмети во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

„Пред да почнат преговори со ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде завршена анализата за тоа во каков правец ќе оди ДУИ и какви позиции ќе има: дали ДУИ ќе влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, дали со СДСМ, дали ќе излезе со понуда за техничка, таканаречена проширена влада како што имавме до 11 декември 2016, или пак можеби ДУИ ќе донесе одлука да биде во опозиција. Сите овие опции се отворени“, изјави Ахмети.

Тој не сакаше да ги коментира предизборните реторики на двете најголеми македонски партии - ниту националистичката реторика на ВМРО-ДПМНЕ ниту граѓанската на СДСМ, за која изрази доза на сомневање бидејќи не ја видел во конкретна програма.

„Јас верувам во акти кои ги гледам на лист. Народот вели - зборовите ги носи ветерот“, рече Ахмети.

На забелешката дека ја релативизира реториката на досегашниот партнер, Ахмети се огради со став дека нема да биде адвокат ни на едната, ни на другата партија.

„Не верувам во тоа што е кажано само за дневно политички поени. Јас добро ги познавам и двете страни, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тие воопшто не се разликуваа кога стануваше збор за третирање и унапредување на албанските прашања. Ние не бараме ни повеќе ни помалку од она што е предвидено со Охридскиот договор, кој наложува употреба на албанскиот јазик, а овој договор се одразува врз Уставот на РМ“, рече Ахмети.


Текстот е прочитан 1432 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter