Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.02.2017, 09:27

ЕКСПЕДИЦИЈА НА ВЕКОТ НАСПРОТИ ВЕРУВАЊАТА ЗА СМРТНАТА КЛЕТВА

Почнува потрага за тајната соба на Тутанкамон

ИТАЛИЈА - Археолозите почнаа планирање на потрага по изгубената, тајна комора во гробницата на фараонот Тутанкамон која имаат намера да ја бараат со помош на најмодерна технологија на радарските системи.

Научниците од Универзитетот во Торино ќе ги скенираат длабочините и просторот кој се наоѓа зад 3.300 година старата гробница на кралот на Тутите.

Тутанкамон и Нефретити

Научниците претпоставуваат дека тајната комора, за која се откриени докази дека постои, ги содржи посмртните останки на мајката на Тутанкамон, кралицата Нефертити, како и огромна количина на богатство: кога била откриена гробницата на Тутанкамон, била неограбена и во неа се наоѓало големо богатство, па и денес се смета за едно од најголемите археолошки откритија.

Ходници и комори

Египтологот Николас Ривс открил: "Се чини дека пред нас е уште едно исклучително откритие од ерата на Тутанкамон. Претпоставуваме дека на северната страна на неговата гробница има ходници и комори".



Клетва

Интересно е да потсетиме и дека откритието на гробницата на кралот на Тутите долго се поврзувало за клетва, уште откако во 1923 година ја открил Британецот Хауард Картер и неговиот тим.

Мистериозна смрт на археолозите

Лорд Карнавон, човек кој ја финансирал експедицијата, умрел од каснување на комарец. Радиологот кој ја скенирал гробницата исто така набрзо умрел, еден од членовите умрел од труење, шест членови од 26 колку што биле во експедицијата, умреле за кратко време по откривањето на гробницата.


Текстот е прочитан 1693 пати.
#
Мајка и ќерка загинале во различни сообраќајки во рок од 30 минути
Ујгурите ги измачија научниците со Пор Бажин
Цело богатство за една вечер на островот "Срце"
Топ 5 најморничави места на светот
34.000 долари за пудинг
На Рубик му требал цел месец за да ја намести Рубиковата коцка
Брегзит, Френзит, Грекзит... А Трекзит?
Индиец не може да си најде работа оти се вика Садам Хусеин
Конфучие во комунистички целофан
Капсула со една соба е иднината на хотелите?

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter