Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.04.2017, 10:07

ИД ја презеде одговорноста за нападот на Елисејските полиња во париз

ФРАНЦИЈА (Радио Слободна Европа) - Одговорноста за вчерашниот напад на Елисејските полиња во Париз во кој е убиен еден полицаец, а двајца сериозно повредени ја презеде милитантната група Исламска држава. Францускиот претседател Франсоа Оланд оцени дека тоа а терористички чин и најави „апсолутна претпазливост“ пред претседателските избори на 23 април.

Парискиот булевар Елисејски полиња синоќа повеќе изгледаше на воена зона отколку на туристичка и шопинг „Мека“.

Стотици полицајци вооружени со автоматски пушки го преплавија ова популарно место во Париз.

Според очевидци, напаѓачот го паркирал своето возило до полициски автомобил при што почнал да пука од автоматска пушка.

Еден од сведоците Челунг изјави:

„Тој беше терорист. Излезе со Калашњиков и почна да пука. Тој можеше да пука во нас на тротоарот и да убие повеќе луѓе, но стрелаше врз полицајците и за среќа што полицајците го убија“.

Обвинителот на Париз Франсоа Молинс изјави дека се истражува дали напаѓачот дејствувал сам:

„Се што можам да ви кажам како дополнување на ова е дека идентитетот на напаѓачот е познат и потврден. Нема да ви го кажам поради тоа што истрагата е во тек“.

Милитантите на ИД пак, соопштија дека станува збор за белгискиот државјанин Абу Јусиф.

Францускиот претседател Франсоа Оланд оценувајќи дека станува збор за терористички чин најави „апсолутна претпазливост“ пред претседателските избори на 23 април.

„Правиме се да осигураме нашите безбедносни сили, полицајци и војници, да бидат мобилизирани во најголема можна мера со оглед на околностите“.

Неколкумина претседателски кандидати поради инцидентот ја прекинаа кампањата, а имаше и барање за одложување на изборите в недела.

Американскиот претседател Доналд Трамп на заедничката прес конференција во Вашингтон со италијанскиот премиер Паоло Џентилони изјави дека во Париз дошло по се изгледа до уште еден терористички напад:

„Што може да се каже? Тоа едноставно никогаш не завршува. Треба да бидеме силни и треба да бидеме претпазливи. И тоа го кажувам подолго време“.

Париз како и повеќе други поголеми европски градови се наоѓаат под посебни мерки на претпазливост по серијата терористички напади во изминатиот период.


Текстот е прочитан 525 пати.
#
Емануел Макрон и Марин Ле Пен одат во вториот круг за претседател на Франција
Французите гласаат, ЕУ се тресе
Хидвеги: Сорос даде 3 милиони евра за да создаде опозиција во Унгарија
Косовски медиуми: Можно е Харадинај да биде кандидат на опозицијата на вонредните избори во Косово
Трамп: Со Меркел почувствував „неверојатна хемија“
20 деца загинаа во сообраќајна несреќа во Јоханесбург
Напаѓачот од Шанзелизе бил потенцијален радикален исламист
Еден полицаец убиен, а еден ранет во престрелка на Шанзелизе во Париз
Бил Гејтс: Може да се случи биотерористички напад со 30 милиони жртви

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter