Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.02.2017, 14:05

Кремљ гневен на Фокс њуз, бара извинување за новинарот што кажа дека „Путин е убиец“

Москва соопшти дека бара извинување од американската телевизија Фокс њуз поради „неприфатливиот коментар“ на нејзиниот водител за рускиот претседател Владимир Путин.

Водителот на Фокс Бил О’Рајли во текот на интервјуто со американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека „Путин е убиец“ обидувајќи се да го натера да го објасни својот став дека тој го почитува рускиот претседател.

О’Рајли не прецизираше кого точно Путин го убил.

„Сметаме дека такви зборови од угледната телевизиска куќа Фокс се неприфатливи и навредливи, и, искрено, би сакале да слушнеме извинување од медиумската куќа“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Трамп во изминатиот период повеќе пати го пофали Путин и сигнализираше дека под неговата администрација односите на САД и Русија може да тргнат кон подобро. И Путин од своја страна имаше позитивни изјави за Трамп.

Во интервјуто, чиј прв дел беше објавен вчера, Трамп на прашањето дали ќе се согласува со Путин кажа дека с? уште не го знае тоа.

„Почитувам многу луѓе, но тоа не значи дека ќе се сложувам со него. Тој е лидер на својата земја. Тврдам дека е подобро да се соработува со Русија отколку да не се соработува. Ако Русија ни помогне во борбата против Исламска држава и исламскиот тероризам низ светот, тоа е добро нешто“, кажа Трамп.

„Но, Путин е убиец“, кажа О’Рајли.

„Има многу убијци. Ние имаме многу убијци. Што мислите, дека нашата држава е невина?“, одговори Трамп на провокацијата на новинарот.


Текстот е прочитан 1051 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter