Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.01.2017, 14:18

Победата е поубава кога трибините се полни

Натпреварите во организација на Ракометната академија Вардар се секогаш отворени за секој кој сака да навива за нашите најмлади ракометари.

Тренерот најчесто е најсилниот мотиватор за добро одигран ракометен натпревар. Но навивањето од трибините е она што навидум им дава крила на дечињата кои играат во нашата Вардар Јуниор лига. Присуството на родителите, братчињата, сестричките, како и на другарчињата на натпревар со себе носи нова енергија која извлекува насмевки, но ја зголемува и желбата за победа. Подршката од најблиските и од другарчињата, децата ја очекуваат и на зимскиот турнир „Еден живот една љубов" во организација на Ракометната академија Вардар, што ќе се одржува следните два викенди во Скопје.



Христијан, Дамјан, Марин, Сара, Ана Марија и Михаела, тренираат во нашите школи во Општина Кисела Вода во генерацијата 2004/2005 и велат дека натпреварот е поинтересен кога има и навивачи.
Михаела Тоневска, Сара Трпевска и Ана Марија Мирчевска се дел од екипата на Општина Кисела Вода Вардар 2, додека момчињата Христијан Петковски, Дамјан Миновски и Марин Крстевски играат под името Општина Кисела Вода Вардар, но се мешана екипа со дечиња од Шампион Вардар.

Ракометот за Христијан Петковски е семеен спорт. Христијан тренира 3 години, а со ракомет се занимаваат и брат му и татко му Зоран Петковски, кој е тренер на нашата екипа Вардар 2.



    „Многу ми значат советите од татко ми кој е тренер во Вардар 2. Тој доаѓа речиси на секој натпревар и потоа ми укажува на грешките што сум ги направил и ми ги посочува и ракобите кои сум ги направил како што ме советувал. Веќе втора година играм во Јуниор лигата и тоа за мене е непроценливо искуство и моќност за стекнување нови познанства со играчи од други клубови. Најголем предизвик ми е да играм против одличната екипа на Бисинов Вардар од Велес. За крај сакам да напоменам дека едвај чекам да почне турнирот „Еден живот една љубов", како и селекцијата за 2004/2005 на пролет и натпреварувањето во официјалната лига на РФМ во пионерската конкуренција, која ќе ја играм паралелно со Јуниор лигата", вели Христијан.

Најмалиот член во тимот е Марин Крстевски кој е роден 2007 година.



    „Ракомет тренирам 4 години и почнав зашто гледав ногу натпреаври и ми се допадна спортот. Тренирам во школата Шампион Вардар, но еднаш неделно доаѓам на тренинг со тимот од Кисела Вода Вардар и со нив заедно играм во лигата. Ми недостигаат дртгарчињата со кои редовно тренирам, но интересно е да се запознаат нови деца и со нив да се изгради тим. Мене ова ми е втора година во лигата. И лани играв со постарата генерација од Шампион Вардар, со нив и тренирам, но за мене тоа не е напорно. Учам повеќе финти и се трудам да ги применам. Сакам да ги победиме Бисинов Вардар и Гостивар Вардар зашто од нив изгубивме а сме доволно добри да ги победиме. На зимскиот турнир е играме и со тимови со кои досега не сме играле и ќе биде поинтересно", вели Марин, кој е едно од 4 деца од Шампион Вардар кој тренираат со тимот во Кисела Вода.

За Дамјан Миноски исто така не е голем предизвик да се тренира со постари деца. Тој има 11 години и ракомет тренира две години, но првата година тренирал со постарата генерација.



    „Почнав да тренирам заедно со братучед ми Никола, и интересно ми беше, повеќе ме челичеа и научив многу финти. Но тогаш се запознав со Христијан и тој ме покани да се префрлам и да тренирам со мојата генерација и сега ми е полесно. Забавни ми се натпреварите во лигата и на турнирот зашто има и многу дружба", вели Дамјан.

Левиот бек Михаела Тоневска веќе две години тренира во школите на Вардар во Кисела Вода.



    „Ракометот ми е омилен спорт, а вклучувањето во школа која е дел од Академијата на Вардар ми овозможи да играм натпревари во текот на целата година. За мене нема голема разлика меѓу пријателски натпревар и натпревар во лигата, зашто играм за победа, но Вардар Јуниор лигата ни овозможи континуирано да се натпреваруваме и да можеме да видиме уште колку имаме да напредуваме. Ме радува што и за време на паузата од лигата, ќе играме зимски турнир, а ќе запознаеме и нови другарчиња. На мојата екипа најголем предизвик ни е Кале Вардар зашто првиот натпревар со нив го изгубивме, но сега на турнирот ќе имаме можност за реванш. Со лигата игравме натпревари и надвор од Скопје, во Кавадарци и во Велес, и си поминавме супер, особено во Кавадарци зашто победивме. Но, таму ни недостигаше нашата публика, родителите кога играме во Скопје доаѓаат да н? бодрат од трибините", вели Михаела.

Дванаесетгодишната Сара Трпевска игра центар во тимот, а ракомет тренира 3 години.



    „Ракометот го одбрав зашто и татко ми тренирал како мал. Но, сега имаме многу подобри услови за тренинг, како и за натпревари. Ракометната академија создаде убави можности за натпревари и ние ги користиме. Даваме максимум да победиме, но на денешниот натпревар ни недостигаше еден играч и тоа влијаеше на играта. Не можете да дадете макисмум кога тимот не е целосен, а играме за подобра позиција на табелата. Јас дадов 6 гола на натпреварот, но не е доволно. Инаку идол ми е Андреа Лекиќ зашто одлично игра", вели Сара.

Ана Марија Мирчевска (11) има два идоли. Андреа Лекиќ зашто и двете славата роденден на истиот ден и Ина Суслина зашто и Ана Марија сака да биде голман. Таа во екипата игра лево крило, но неретко ќе ја видите како брани помеѓу стативите.



    „Ракомет тренирам 2 години. Прво почнав со кошарка, но за тој спорт сум ниска и на позицијата лево крило многу подобро се снаоѓам. Но, јас сакам да бидам голман и затоа денеска и бранев на дел од натпреварот. Мене ова ми е втора година во лигата, а трета година ќе учествувам на зимскиот турнир, и многу ми се допаѓа зашто имаме можност да се дружиме", вели Ана Марија.

За девојките и момчињата од Кисела Вода може да навивате на натпреварите од зимскиот турнир.


Текстот е прочитан 351 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter