Македонија Култура Скопје Живот Спорт Свет Калеидоскоп Култура свет
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.02.2017, 09:39

ОДРЖУВАЊЕТО НА ЕВРОСОНГ ВО КИЕВ Е ПОД ПРАШАЛНИК

21 член од Организацискиот одбор поднесоа оставки

УКРАИНА- Изборот на песна на Евровизија доби неочекуван удар откако 21 вработен во организациската екипа дадоа оставки.

Украинскиот евровизиски тим рече дека му биле одземени значајни задолженија во декември, кога бил назначен нов шеф на Организацискиот одбор. Во својата оставка тие велат дека биле "целосно блокирани" од донесување одлуки за шоуто. Европската радиодифузна мрежа (ЕБУ), која ја основаше Евровизија, му рече на украинскиот јавен сервис да се држи до распоредот и покрај веста за отказите.
Оттаму настојуваат дека треба да се продолжи со настанот како што било планирано и да се одржи во мај, во Киев. Меѓу членовите на тимот што дадоа оставки се двајца извршни продуценти на годинашното шоу. Сите членови на тимот беа ангажирани од украинскиот јавен сервис, кој го организира изборот годинава, откако украинската пејачка Џамала победи на ланскиот Евросонг со песната "1944". Во отвореното писмо објавено во "Страна", вработените велат:



"Затоа ние, евровизискиот тим, за кои овој избор не само што стана дел од нашата работа туку и дел од нашите животи, официјално ве информираме дека даваме оставки и престануваме да работиме на подготовките за организирање на изборот".
Подготвувањето на Изборот на песна на Евровизија е голем потфат. Во 2010 година, норвешкиот јавен сервис НРК се откажа од Светското првенство во фудбал, бидејќи не можеше да си дозволи да $ плати на ФИФА и да ја покрие сметката за Евросонг во исто време. Во Украина, оваа задача се покажа уште попроблематична. Одлуката за тоа кој град да биде домаќин на изборот три пати ја одложуваше организацијата, а имаше и гласови дека изборот ќе биде преместен во Русија. Исто така кружат, гласови дека има проблеми и со договорите со надворешните соработници. Тоа значи дека во најлош случај ќе бидат опфатени градежните компании задолжени за изградба на сцената.


Текстот е прочитан 744 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter