Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.02.2017, 13:12

Полска сака нуклеарно оружје за Европа

ПОЛСКА, 10 февруари - Шефот на полската владејачка национално-конзервативна партија отвори дебата која претходно се водеше во ограничен капацитет.

Во интервју за германскиот весник "Франкфуртер алегемајне цајтунг", Јарослав Качински изјави дека Европа треба да биде суперсила со нуклеарен арсенал кој може да му парира на оној на Русија. Тој сепак призна дека таква програма би била многу скапа и оти не очекува таква инвестиција наскоро.
Но, колку ќе биде кредибилна европската нуклеарна програма со функција да застрашува? Пред триесет години, Лондон и Париз ќе беа почестени да бидат избрани како бранители на европскиот континент. Но, која држава на ЕУ би била подготвена да прифати таква нуклеарна одбранбена сила сега? Одлуката на Британија да ја напушти ЕУ го докрајчи остатокот од кредибилитетот на таквата идеја.
"Нема конкретна закана", изјави Улрих Кун од Фондот за меѓународен мир "Карнеги". Во ерата на Трамп постојат аргументи за отворање на таква дискусија, но истовремено, вели тој, тоа "не е од помош". НАТО сè уште постои и под водството на САД конвенционално оружје се стационира во Полска и на Балтикот.
"Сè додека постои НАТО, Европејците треба да стојат настрана од нуклеарната трка", изјави тој и додава дека сугестиите не се практични.



"Русија има помеѓу 2.000 и 3.000 тактички нуклеарни оружја, што значи дека Европа ќе се соочи со огромни трошоци доколку сака да обезбеди адекватен арсенал кој ќе има функција да застрашува. И секако, главното прашање е кој ќе го контролира црвеното копче? Настрана од овие прашања останува фактот дека мнозинството од граѓаните на Европа, вклучувајќи ги и тие во Полска, се против вклучување во трка за нуклеарно вооружување".
Наместо тоа, вели тој, Европејците треба конечно да го направат она за кое што долго време зборуваат: Да преземат конкретни чекори кон реализирање на соработката во одбраната, потпишување на договорите и да работат заедно на системи на оружје со цел да бидат поефективни и кредибилни во конвенционалните одбранбени мерки.
"Не" на трката за нуклеарно вооружување
Михаел Галер од Комитетот за одбрана во Европскиот парламент, исто така, е за поголема соработка во ЕУ. "Конечно треба да го направиме она што ни го овозможува Лисабонскиот договор, а тоа е имплементирање на структурна соработка", изјави тој. Според документ на парламентарната комисија за одбранбена политика, од 203 милијарди евра кои се трошат на одбрана во ЕУ, 26 милијарди можат да бидат заштедени или пренаменети доколку земјите членки почнат да соработуваат. Заеднички зафати, заеднички вежби и заедничка структура, се следните чекори според Галер. Тој вели дека трка за нуклеарно вооружување би била грешка и иако смета оти руското тактичко нуклеарно оружје е реална закана, верува дека има баланс кога станува збор за нуклеарните програми кои имаат функција да застрашуваат. Галер останува цврст во своето убедување дека тоа е дебата која не треба да се отвора.


Текстот е прочитан 1057 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter