Македонија Култура Скопје Живот Спорт Свет Калеидоскоп Култура свет
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.02.2017, 18:33

ГРАД СКОПЈЕ ГО ИСПРАВИ ПРОПУСТОТ ВО ЛИНИСКИОТ ПРЕВОЗ

ЈСП се враќа на 9-ка и 19-ка

Градските советници изгласаа одлука на овие линии, покрај приватниците, да возат и автобуси на ЈСП, оти тоа што линиите биле оставени само на приватниците, бил пропуст

Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје" се враќа на линиите со број 9 и 19, на кои не вози од почетокот на годинава. Градските советници изгласаа одлука, на овие линии, покрај приватниците, да возат и автобуси на ЈСП, оти тоа што линиите биле оставени само на приватниците, бил пропуст.
"Со започнување на интегриран систем во јавниот превоз (ЈСП и приватни превозници), можностите за следење на превозот преку АВЛ системот, сугестии добиени од корисниците на јавниот превоз и направените анализи од Јавното сообраќајно претпријатие, утврдено е дека се потребни одредени промени во функција на унапредување на јавниот линиски превоз на патници. Линиите 9 и 19 ќе ги одржуваат приватните превозници, заедно со Јавното сообраќајно претпријатие 'Скопје'", стои во одлуката за изменување и дополнување на одлуката за линиски превоз на патници во Скопје.



Враќање на ЈСП на линиите 9 и 19 и измена на одлуката побараа на претходната седница на Советот на Скопје советничките групи на ДУИ и на ДПА.
Со измената, заеднички, ЈСП и приватниците ќе возат на линиите 9, 19 и 22. На линиите 12, 20, 23, 45 и 73 ќе возат само приватниците, а на сите останати линии ќе вози само ЈСП.
Во истата одлука, линијата со број 73, од приградска, станува дел од градските линии. Таа сообраќа на релација Скопски саем - Усје. На неколку линии направен е нов возен ред, кој ќе биде објавен на веб-страницата на ЈСП, а на линијата со број 12 додадени се две двократни возила со вкупно осум поаѓања од Шишево и со осум поаѓања од Скопски саем. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 2158 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    
Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter