Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

02.02.2017, 13:20

13 МРТВИ И ГОЛЕМ БРОЈ РАНЕТИ ВО СУДИРИ НА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА И РУСКИТЕ СЕПАРАТИСТИ

Пак војна во Украина

УКРАИНА - Најамлку три лица се убиени во најновите непрекинати тешки борби во источна Украина меѓу владините сили и проруските сепаратисти.

Завчера вечерта бил убиен еден украински војник, а девет други војници и еден цивил биле ранети, соопшти украинската Влада, цитирана од американските медиуми.
Вчера, пак, во центарот на Доњецк се одекнува тежок артилериски оган, пренесоа американските медиуми.
Бунтовничкиот бастион, Доњецк, како и дел од блискиот град Макеевка, се останати без водоснабдување по гранатирањето од страна на владините сили, пренесе ТАСС, повикувајќи се на локалната компанија за водоснабување.
Насилството во реонот на конфликтот ескалира за време на викендот, забележаа американските медиуми. Во понеделникот вечерта и вчераутро осум лица беа убиени, а десетици други ранети.



Борбите се концентирани околу индустрискиот град Авдиивка (Авдеевка на руски), северно од Доњецк. Овој град, каде со денови нема струја, се наоѓа под контрола на украинската Влада.
Воената команда на сепаратистите од "Доњецка Народна Република" (ДНР) соопшти дека киевските владини сили досега имале 93 жртви и неколку стотици ранети војници во обидот да ја пробијат одбраната на ДНР, пренесе ТАСС.
Претходно информативната агенција на ДНР соошти за двајца загинати цивили во гранатирањето на Доњецк и Макеевка од страна на украинската армија. Во Доњецк биле ранети четворица граѓани, од кои тројца кога возилото на брзата помош било погодено од граната.
Шефот на самопрогласената ДНР, Александар Захарченко, изјави дека борбите се водат на фронт од 50 километри. Тој го обвини украинскиот претседател, Петро Порошенко, дека лично ја издал наредбата за офанзивата на владините сили врз ДНР.


Текстот е прочитан 700 пати.
#
Путин е најбогатиот човек на светот?
Имигранти цела ноќ дивееја во Стокхолм
Сорос со своите милијарди ќе прави долготрајни протести против Трамп
„Брајтбарт“ стана трет најчитан информативен Интернет медиум во САД
„Брајтбарт“ открива: Сорос со своите милијарди планира долготрајни протести против легално избраниот претседател Трамп
Масовни протести против Еди Рама
Путин ќе ги зближува КГБ и ЦИА
Опозицијата на протест пред Собранието на Црна Гора
Ротшилд ќе ја спасува Грција од банкрот
Поп сакал да го отруе владиката

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter