Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.02.2017, 13:21

СПОРЕД ВЕСНИКОТ "ЕУ ОБЗЕРВЕР":

ЕУ основа Министерство за вистина за информативна борба со Путин

ЕУ, 6 февруари - ЕУ како една од своите најголеми закани ја идентификуваше поплавата од дезинформации чија главна цел е "напад на европските вредности".

Токму поради тоа европските "уништувачи на митови" работат на спречување на лажни вести, за чија дистрибуција упорно ја обвинуваат Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин, пишува "ЕУ обзервер".
Многу вести кои во последните месеци се појавуваат на порталите во Германија, Полска, Чешка, доаѓаат од руски извори, тврди "ЕУ обсервер". Како примери за такви вести овој весник ги наведе приказните за "муслимани кои ја урнале божикната елка во Шведска", потоа веста дека "Шведска ја забранила прославата на Божик за да не ги навреди муслиманите", или дека "НАТО подготвува напад на Русија".

Уништувачи на митови

- Тие вести се поврзани со проруски извори кои се финансираат од Кремељ. Тоа е руска пропаганда против која ЕУ се бори со помош на својата Служба за надворешно делување која доби прекар "Уништувачи на митови" - наведе "Обзервер".
Европските парламентарци не успеаја да се договорат за доделувањето на дополнителните средства од 800.000 евра за финансирање на оваа служба, па парите мораа да дојдат по друг пат, поточно со алокација на средствата внатре во ЕЕАС. Дополнително се вработени нови луѓе чија задача е да бараат лажни вести, да ги демантираат и тоа да го објавуваат на социјалните мрежи.



ЕУ смета дека Русија со поплавата на лажните вести ќе се обиде да влијае на резултатот на изборите во Германија, Франција, Холандија и Чешка, наведе весникот.
"Уништувачите на митови" се основани во 2015 година. Европската унија упатила молба до сите држави членки на испратат свои луѓе и така да го зголемат тимот кој се бори против дезинформации, но на молбата одговориле само Велика Британија, Естонија, Летонија и Данска.

Главна цел - Ангела Меркел

Европската унија смета дека следната основна цел на Кремљ е да ја спречи Ангела Меркел четвртипат по ред да стане канцеларка на Германија. Меркел многумина ја издвојуваат како "последен либерален политичар во Европа". Барак Обама, поранешниот претседател на САД во својата последна официјална посета беше токму во Германија, кога канцеларката ја нарече "нов лидер на слободниот свет".
Од една страна, факт е дека постојат многу мали портали кои шират разни деградирачки и лажни вести. Во некои од нив Ангела Меркел се нарекува "љубителка на муслиманите", а се шират и дезинформации кои за цел имаат пораст на антагонизмот кон мигрантите.


Текстот е прочитан 445 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter