Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.02.2017, 13:35

ПО ПОЛИТИЧКО-МОДНОТО ИНТЕРВЈУ НА КЕЛИЕН КОНВЕЈ ОД БЕЛАТА КУЌА

Да се казни советничката на Трамп оти рекламираше чевли од Иванка

САД - Канцеларијата за етика на американската Влада (ОГЕ) побара санкции за Келиен Конвеј, висока советничка на претседателот на САД Доналд Трамп, бидејќи ги прекршила прописите, повикувајќи ги граѓаните да ги купуваат производите на ќерката на шефот на државата, Иванка Трамп.

- Станува збор за јасно кршење на забраната за користење на позицијата, оцени ОГЕ и ја повика Владата да "разгледа дисциплински мерки против Конвеј", се наведува во писмото.
Сојузничките етички прописи им забрануваат на вработените во Владата да ја користат својата позиција за рекламирање производи на свои пријатели.
Келиен Конвеј во интервју за емисијата "Мит д прес" на телевизиската куќа Ен-Би-Си го создаде изразот "алтернативни факти".
Водителот Чак Толд ја притисна околу контроверзниот прв настап на претседателскиот портпарол Шон Спајсер, кој изјави дека инаугурацијата на Трамп беше најпосетената на сите времиња, а таа одовори: "Вие велите дека тоа е лага. А тие дадоа, Шон Спајсер, нашиот портпарол, изнесе алтернативен факт". На овој начин настана сега познатиот израз "алтернативни факти".



Во интервју за телевизијата Фокс од Белата куќа Конвеј со повикот до Американците да ги купуваат производите на Иванка Трамп одговори на одлуката на трговскиот ланец Нордстром да ја повлече линијата на облека на ќерката на Трамп.
- Купете нешто од производите на Иванка...јас денеска нешто ќе купам, рече Конвеј во интервјуто за Фокс Њуз од Белата куќа.
- Тука ќе дадам бесплатна реклама: Купете денеска нешто сите, рече таа само еден ден откако претседателот го критикуваше Нордстром, кој како причина за ваквата одлука го наведе падот на продажбата.


Кој седи зад масата на претседателот?

Ќерката на претседателот на САД, Иванка Трамп објави фотографија на на социјалните мрежи на која таа седи покрај претседателската маса во Овалната соба, додека покрај неа стои Доналд Трамп и премиерот на Канада Џастин Трудо, што предизвика бурни реакции на нејзините следбеници, видни политичари и воопшто кај јавноста.
Иванка Трамп фотографијата ја постави на Твитер, Инстаграм и Фејсбуск со порака: "Убав разговор со двајца светски лидери за тоа колку е важно жената да има место на масата".
Освен многу убави зборови од следбениците на Трамп, Иванка која нема официјална функција во Белата куќа доби и голем број критики и коментари дека не го заслужува правото да седи зад масата на претседателот.


Текстот е прочитан 3211 пати.
#
34.000 долари за пудинг
На Рубик му требал цел месец за да ја намести Рубиковата коцка
Индиец не може да си најде работа оти се вика Садам Хусеин
Брегзит, Френзит, Грекзит... А Трекзит?
Конфучие во комунистички целофан
Капсула со една соба е иднината на хотелите?
На 70 години истрча 7 маратони, на 7 континенти, за 7 дена
Келиен и го зема приматот на Иванка
Нетанијаху: Не е точно дека сопругата ме избрка од службената кола
Турција протера 40 холандски крави

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter