Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.02.2017, 13:10

ПО ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР МЕЃУ ЕРДОГАН И ТРАМП

САД ќе продолжат да ја поддржуваат Турција

САД, 9 февруари - САД ќе продолжат да ја поддржуваат Турција и го поздравуваат нејзиниот придонес во борбата против тероризмот.

Во тоа го увери претседателот на САД Доналд Трамп турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган за време на првиот телефонски разговор со него по стапувањето на функција. Претседателот Трамп ја потврди американската поддршка за Турција како стратешки партнер и сојузник во НАТО и го поздрави придонесот на Турција во борбата против групата Исламска држава, се наведува во соопштението на Белата куќа. Покрај тоа двајцата претседатели разговарале за долготрајните блиски односи меѓу САД и Турција, како и подготвеноста за борба против тероризмот во сите негови форми. Разговорот траел 45 минути и поминал во позитивен тон.
За време на претседателствувањето на Барак Обама односите меѓу Турција и САД беа затегнати, а Анкара изрази разочарување од неподготвеноста на САД да го екстрадираат тамошниот муслимански проповедник Фетулах Ѓулен, кого Турција го обвини за организирање на неуспешниот обид за воен удар на 15 јули минатата година. Покрај тоа, Турција беше лута поради фактот дека САД ги поддржуваат сириските курдски милиции.





Се бара укинување на лотаријата за зелена карта

Републиканското мнозинство во Конгресот на САД предлага намалување за 50 отсто на зелените карти како и запирање на годишната лотарија за имигранти.
Двајца сенатори републиканци, Ром Котон и Дејвид Пердју, поднесоа нацрт закон со кој се укинува можноста американски граѓани и лица со зелена карта да спонзорираат членови на семејствата кои живеат во странство: родители, полнолетни браќа и сестри како и полнолетни деца кои склучиле брак. Проектот предвидува можност за спонзорирање само на нивни сопруги/сопрузи и немажени/неженети деца со исклучок за возрасни и болни родители. Предлогот укажува на убедување меѓу републиканците дека легалната имиграција е закана за американските работници, особено оние со најниски квалификации. Со нацрт-законот се предвидува и укинување на лотаријата со зелени карти воведена во 1995 година против која одамна се изјаснија републиканците. Во моментот, таа дава можност за 50.000 имигранти во САД секоја година.


Трамп: Не го познавам Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека не го познава рускиот претседател Владимир Путин и дека во Русија нема никакви бизниси. "Не го познавам Путин, немам бизниси во Русија, а оние кои ме мразат полудеа. Обама може да склучува договор со Иран, број еден по терор, и тоа не е проблем", напиша Трамп на Твитер. Трамп и Путин неодамна разговараа по телефон за развивање на добри односи меѓу двете држави како и за најважните меѓународни проблеми.


Турција уапси 248 луѓе за објави на социјални мрежи

Турските власти привеле 948 луѓе, од кои 248 се затворени поради нивни објави на социјалните мрежи, во кои според властите, поддржувале тероризам или навредувале политичари, јави турската новинска агенција "Анадолија". Околу 700 лица биле ослободени од обвиненијата. Турската Влада ги поттикнува граѓаните да пријавуваат за постови на социјалните мрежи во кои се навредуваат политичарите или се дава поддршка на некои групи. "Анадолија" во декември јави дека под истрага се 3.710 луѓе поради постови на социјалните мрежи, а 1.656 биле осудени на затворски казни во претходните шест месеци. Некои од апсењата се извршени по двојниот самоубиствен напад во Истанбул во декември, при што загинаа 45 лица. Тие биле уапсено поради коментари поврзани со нападот.


Текстот е прочитан 636 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter