Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.02.2017, 13:00

"КО­ГА ДЕ­НОТ НЕ­МА­ШЕ ИМЕ" ПРЕТ­СТА­ВЕН НА БЕР­ЛИ­НА­ЛЕ

Те­о­на: За­гу­ба­та на не­ви­ни жи­во­ти ме до­не­се до овој филм

Прек­си­но­ќа, во прог­ра­ма­та "Па­но­ра­ма", пос­ве­те­на на ав­тор­ски филм, на прес­тиж­ни­от 69.Бер­лин­ски филм­ски фес­ти­вал се одр­жа пре­ми­ер­на­та про­ек­ци­ја на но­ви­от филм на Те­о­на Стру­гар - Ми­тев­ска "Ко­га де­нот не­ма­ше име", во про­дук­ци­ја на "Сес­три и брат Ми­тев­ски".

Те­о­на, со про­ду­цен­тка­та Ла­би­на и со дел од ак­тер­ска­та еки­па од мла­ди мом­чи­ња, на­тур­шчи­ци, прет­плад­не­то одр­жаа прес-кон­фе­рен­ци­ја на ко­ја, ка­ко што пре­не­су­ва МИА, рек­ле де­ка фил­мот се од­не­су­ва на оп­штес­тве­ни­те про­це­си во Ма­ке-до­ни­ја, и оти са­ми­от филм бил ри­зик, "по­ра­ди опас­нос­та со не­го до­пол­ни­тел­но да се по­де­ли ма­ке­дон­ска­та јав­ност, ко­ја што сè уш­те има сил­ни емо­ции за еден од нај­кр­ва-ви­те нас­та­ни во по­но­ва­та ма­ке­дон­ска ис­то­ри­ја".
Со ог­лед на тоа што фил­мот е ин­спи­ри­ран од тра­гич­ни­от нас­тан кај Смил­ков­ско­то Езе­ро, Ла­би­на до­пол­ни­ла: "Те­о­на ми ре­че де­ка не е за­ин­те­ре­си­ра­на за до­ку­мен­та­рен филм, не ка­ко за при­каз­на за се­мејс­тва­та, не ка­ко прав­да во смис­ла да­ли Ма­ке­дон­ци или Ал­бан­ци ги уби­ле де­ца­та, ту­ку е за­ин­те­ре­си­ра­на за за­гу­ба­та на не­ви­ни­те мла­ди жи­во­ти".



За неј­зи­на­та сес­тра Те­о­на, мрач­ни­те нас­та­ни на Ве­ли­чет­вр­ток на Смил­ков­ско­то Езе-ро би­ле шок: "Се раз­би­ра де­ка бев шо­ки­ра­на, но пред сè, бев по­го­де­на од таа иде­ја за за­гу­ба на не­ви­ни жи­во­ти. Што зна­чи тоа, ка­ко дој­дов­ме до­та­му, зош­то се слу­чи тоа? Тоа бе­ше пре­ки­ну­вач да ко­пам под­ла­бо­ко. Тоа бе­ше прет­текст да ко­пам под­ла­бо­ко во оп­штес­тво­то и на­ши­от од­нос кон на­силс­тво­то".
За на­силс­тво­то око­лу нас на пре­сот го­во­ре­ле и мла­ди­от му­зи­чар и ак­тер Иван Вр­тев - Шоп­тра­ја­нов, ак­те­ри­те Ха­нис Ба­га­шен и Ле­он Рис­тов, ка­ко и сце­на­рис­тка­та Ел­ма Та-та­ра­гиќ.
Фил­мот е коп­ро­дук­ци­ја со Бел­ги­ја и со Сло­ве­ни­ја, и е под­др­жан од Еу­ри­маж. (К.Р.


Текстот е прочитан 1577 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter