Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.04.2017, 13:25

ОТКАКО ЈА ТУЖЕА ЊУЈОРШКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА ИНЦИДЕНТОТ ОД 2015 ГОДИНА

Сефолоша доби четири милиони долари, Антиќ сè уште чека

Крилото на Атланта хокс, Табо Сефолоша, се спогоди со њујоршката полиција за инцидентот од април 2015 година и место бараните 50, ќе добие четири милиони долари.

Тој тужеше петмина полицајци, кои му скршија нога при приведувањето пред еден ноќен клуб, кога беше во друштво на својот тогашен соиграч Перо Антиќ.
И најдобриот македонски кошаркар ја помина ноќта зад решетки поради, наводно, попречување на работата на полицијата, но подоцна не беа поднесени обвиненија против него.
Адвокатот на двајцата кошаркари, Алекс Спајро, има поднесено тужба и во името на Антиќ, но овој случај е сè уште во процедура.
Во октомври 2015 година, Сефолоша беше прогласен за виновен за недолично однесување и за давање отпор при апсење и иако му беше понудено да ја одработи казната преку општествено-корисна работа, тој се реши повторно да оди на суд, со цел да си го исчисти името. Успеа во тоа една и пол години подоцна, тужејќи ги полицајците за апсење, за приведување по грешка и за употреба на претерана сила, имајќи предвид дека тогаш претрпи повреди, поради кои го пропушти плејофот.


Текстот е прочитан 2611 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter