Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.03.2017, 13:44

Шведска има најдобар пасош во светот

Според најновиот извештај на консултантската куќа "Номад капиталист", според сите параметри, Шведска има најдобар пасош во светот, поради што државјаните на таа земја уживаат бенефити, кои во многу земји не постојат.

Шведските државјани имаат бесплатно здравствено осигурување, бесплатно образование, платени годишни одмори, и поради сето тоа Шведска го има најпожелниот пасош во светот, пишува "Индепендент".
Пасошите на државите се рангирани врз основа на анализа, во рамките на која се разгледувани фактори како безвизен режим, граѓански слободи, оданочување, глобален углед и други параметри.
Од 199 држави, опфатени со истражувањето, Шведска е на прво место, зад неа се Белгија, Италија, па Шпанија, Велика Британија е на 16. место, а САД дури на 35. место. Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Словенија, која со САД го дели 35-тото место, Хрватска е на 49., Србија е на 73., Македонија и Црна Гора се на 76., а Бих е на 85-тото место. На 199. место е Авганистан.
Студијата покажа дека државјаните на Шведска имаат безвизен режим со 176 земји во светот и имаат можност да работат во странство, а да не мораат да платат данок во својата земја.


Текстот е прочитан 752 пати.
#
Напад во метро во Франција, тројца ранети
Ердоган: За мене Европа ќе биде „нацистичка“ се додека ме нарекува „диктатор“
За Европа: 60 свеќи за радување или 60 свеќи за тагување?
Колку се богати француските претседателски кандидати
Тилерсон лично бара Црна Гора да влезе во НАТО
Обновено - Петмина загинати и 40 повредени во нападот во Лондон
Лекс Ердоганис
Кој ќе ги наследи милијардите на Рокфелер?
Господарите на милијардите
Брегзит почнува на 29. март

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter