Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.02.2017, 13:40

ОТАКО 300.000 РОМАНЦИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ НАМАЛУВАЊЕТО НА КАЗНАТА ЗА КОРУПЦИЈА

Министерот за бизнис даде оставка, приведени 79 луѓе

РОМАНИЈА, 3 февруари - Романскиот министер за бизнис Флорин Ѓијану вети дека ќе даде оставка по најмасовните протести по падот на комунизмот во земјата.

Во време на продлабочување на политичката криза министерот рече дека не може да продолжи да го поддржува ставот на владата, откако повеќе од 300.000 луѓе излегоа на улиците ширум земјата. Најмалку 150.000 завчеравечер протестираа на температури под нулата пред владината зграда во Букурешт.
"Не сакам да морам да им кажам на моите деца дека сум бил кукавица и дека сум се согласил на нешто во што не верувам", напиша Ѓијану на неговиот профил на Фејсбук.
Романската полиција по насилните протести на Плоштадот на победата во Букурешт, прексиноќа на сослушување привела 79 лица, пренесе "Аѓерпрес", повикувајќи се на полициски извори. Министерката за внатрешни работи Кармен Дан вчера соопшти дека на приведените им биле покренати обвиненија за напад врз лица на должност и за нарушување на јвниот ред и мир. Имало и еден случај на поседување наркотици. Министерката, исто така, соопшти дека се изречени и пет парични казни.



Во прексиноќешниот протест повредени се осум полицајци, а тројца од нив биле однесени во болница. Четворица демонстранти, исто така, биле повредени, од кои двајца биле однесени во болница, но за ниту еден од нив немало потреба од стационарно лекување. Министерката Дан потврди дека тројца од приведените се членови на фудбалска навивачка група.
Во врска со размената на оперативни информации меѓу Романската служба за разузнавање и МВР, Дан изјави дека не добила информации за евентуални намерни провокации за време на протестот. Таа рече дека за време на протестите, државниот секретар Виорел Штефу и началникот на полицијата Богдан Деспеску добиле СМС пораки од офицер од разузнавањето дека е можно на протестот да присуствуваат некои лица и активисти кои постојано учествуваат во вакви протести, како и некои членови на навивачки групи. Според неа, податоците од СМС пораките не сигнализирале ризик за нарушување на јавниот ред и намери за провокации.


Текстот е прочитан 551 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter