Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.04.2017, 14:32

ПРВИОТ ЧОВЕК НА РК „ВАРДАР“ ПРЕД ПРВИОТ ДУЕЛ СО ФЛЕНЗБУРГ

Самсоненко: Годишно вложувам седум милиони евра и веќе нема да трпам судиски неправди

Ден по контроверзниот дуел од фудбалската Лига на шампиони Реал Мадрид-Баерн, судиските неправди се тема и во македонскиот ракомет.

Од нив стравува и Сергеј Самсоненко, како што Вардар се подготвува за првиот натпревар од четврт-финалето со Флензбург, кој се игра в сабота во Германија, а свесен за она што $ се случи на неговата екипа против истиот противник пред три сезони. Тој дури најавува радикални чекори доколку Вардар уште еднаш неправедно остане без настап на Фајнл форот во Келн.
- Вардар четврта година по ред игра четврт-финале и четири години се бори на и надвор од спортскиот терен да влезе на Фајнл форот. Видовме кои судии ни се одредени и се надевам дека нема да ни се повтори она што се случи пред три години. Ако се повтори, јас ќе се повлечам од ракометот, односно ќе останам само во младинските школи на Вардар. Немам сили веќе да се борам. Годишно вложувам седум милиони евра во ракометните клубови и не сакам по секоја судиска неправда да лежам дома болен. Мислам дека заслуживме да играме Фајнл форот поради сето она што го правиме за македонскиот ракомет, дури и за неговата иднина. Затоа ја повикувам целата македонска јавност да ни даде поддршка - порача првиот човек на Вардар.
Настрана евентуалните заткулисни игри, капитенот Стојанче Стоилов смета дека Вардар е зрел за настап на завршниот турнир.
- Четврта година по ред се наоѓаме во идентична позиција. Искрено верувам дека овој пат ќе успееме. Си го должиме тоа, како на себеси така и на нашите навивачи. Се надевам на позитивен резултат во Германија, а потоа, во полна сала во Скопје, да го избориме Фајнл форот - вели Стоилов. (Г.К.)


Текстот е прочитан 2503 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter