Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.02.2017, 10:03

ОТКРИЕН ЗАГОВОР ПРОТИВ ПОГЛАВАРОТ НА ГРУЗИСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

Поп сакал да го отруе владиката

Полицијата во Грузија соопшти дека е уапсен поп на Грузиската православна црква, осомничен за правење заговор за труење на поглаварот на Црквата. Во соопштението се вели дека во куферот на уапсениот отец Гиорги Мамаладѕе бил откриен цијанид. Осомничениот бил уапсен на аеродромот во главниот град Тбилиси, во момент додека попот се подготвувал да отпатува за Германија.

Поглаварот на грузиската црква патријархот Илија Трети се наоѓа во болница во Берлин, Германија каде закрепнува по операција, па властите во Грузија се сомневаат дека тој бил цел на заговорот за негово убиство. Грузискиот премиер Гиорги Квинкашвили изјави за домашните медиуми дека била спречена голема катастрофа. Уапсениот поп раководел со одделот за имотите на грузиската црква, а бил и директор на еден медицински центар во Грузија. При претресот на неговиот дом било најдено и оружје, а полицијата имала сознанија дека тој барал и набавил цијанид. Не е откриен идентитетот на човекот што му го дал отровот на отец Мамаладѕе, освен дека тој ја известил полицијата за заговорот.
Патријархот Илија (84) е поглавар на црквата уште од 1977 година, од времето кога оваа поткавкаска држава беше дел од Советскиот Сојуз. Повеќе од 80 отсто од вкупно 4,5 милиони Грузијци се православни христијани.
легенда:
Поглаварот на грузиската црква патријархот Илија Трети се наоѓа во болница во Берлин, Германија каде закрепнува по операцијата


Текстот е прочитан 1268 пати.
#
Путин е најбогатиот човек на светот?
Имигранти цела ноќ дивееја во Стокхолм
Сорос со своите милијарди ќе прави долготрајни протести против Трамп
„Брајтбарт“ стана трет најчитан информативен Интернет медиум во САД
„Брајтбарт“ открива: Сорос со своите милијарди планира долготрајни протести против легално избраниот претседател Трамп
Масовни протести против Еди Рама
Путин ќе ги зближува КГБ и ЦИА
Опозицијата на протест пред Собранието на Црна Гора
Ротшилд ќе ја спасува Грција од банкрот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter