Македонија Култура Скопје Живот Спорт Свет Калеидоскоп Култура свет
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.03.2017, 09:57

Иванов за „Magyar Hirlap“: Македонија нема да прифати уцени

Партиите треба да го бараат решението преку одговорно однесување, а во согласност со Уставот на Република Македонија. Ниту едно решение не смее да го поткопа унитарниот карактер на државата и мора да биде во насока на заштита на државните интереси на Република Македонија. Се разбира, можно решение за надминување на ситуацијата се и нови предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе се изјаснат и за темите кои се наметнаа во постизборниот период, вели претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во интервју за еден од најпрестижните и најтиражните унгарски весници „Magyar Hirlap“.

- Лидерот на втората партија според бројот на освоени мандати СДСМ наместо во рок од 10 дена, ме извести по 27 дена дека има обезбедено мнозинство во Собранието со поддршка на сите партии на етничките Албанци. Од него побарав јавно и јасно да ја отфрли и осуди оваа платформа. Го потсетив дека македонските граѓани на изборите гласаа за реформи, а не за пост-изборна платформа на туѓа држава. Таквата јавна осуда, за жал, изостана. Оттаму, како Претседател на Република Македонија, порачав дека нема да определам мандат за секој оној кој преговара за платформи на други држави со кои се уценува македонскиот народ, се загрозува унитарноста на државата, нејзиниот суверенитет и независноста, вели Иванов во интервјуто на прашањето за можен излез од политичката криза во Македонија.

Запрашан како ги оценува заканите од албанските настојувања во Македонија, Иванов изјави дека дел од барањата на партиите од албанскиот политички блок се во судир со Уставот на Република Македонија и не соодветствуваат со реалната состојба во државата.

- Дел од барањата содржани во оваа платформа зависат од статистиката и реалноста на терен, а во Република Македонија 14 години не е спроведен попис на населението. Без нов попис, не може да се бараат права што зависат од статистиката, вели Иванов во интервјуто.


Тој посочува дека главната причина за продлабочување на кризата е Тиранската платформа, која стана услов за формирање на влада, и додава, „како Претседател не можам и нема да дозволам тргување со Уставот и државните интереси на Македонија и поигрување со чувствата на македонските граѓани“.

- По објавувањето на Тиранската платформа бевме сведоци на радикална реторика и изјави од високи државни функционери на Албанија и Косово, кои не соодветствуваат со сегашноста и со 21-от век, туку со реториката од некои минати времиња. Од овие причини, неколку пати повикав меѓународната заедница јавно да ја осуди Платформата од Тирана, бидејќи оваа платформа ја дестабилизира политичката состојба и ги зголемува меѓуетничките тензии во земјата, вели Претседателот, посочувајќи дека мешање во внатрешните работи на Република Македонија е поттик за реализирање на големо-националистички идеи и претставува негативен пример и преседан, не само на Балканот, туку и пошироко.

Иванов во интервјуто се заблагодари на унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, кој меѓу првите покрена иницијатива со барање до Советот на ЕУ да ја отфрли Платформата од Тирана и да се осуди мешањето на странски премиер во внатрешните работи на Македонија.

Со оглед на мултиетничката структура на државите од Балканскиот регион и случувањата од блиското минато, Иванов порача дека неопходно е политичките лидери да внимаваат на реториката.

- Република Македонија отсекогаш вложувала во унапредување на добрососедските односи. Албанија и Косово се наши пријатели и затоа се потребни конкретни и заемни чекори во унапредување на меѓусебната доверба, вели Иванов, додавајќи дека во Република Македонија и претходно имало обиди за предизвикување на меѓуетнички тензии, но граѓаните знаат да препознаат што е манипулација, а што е нивен интерес.

Иванов во интервјуто за „Magyar Hirlap“ говори и за улогата на Македонија во справување со мигрантската криза, како и за претстојните предизвици со кои се соочува државата во пресрет на најавите за втор мигрантски бран.

- Ние се соочивме со парадокс, Македонија која не е членка на Европската Унија ја чува Европа од Европската Унија. Република Македонија е во Европа, но не е членка на ЕУ. Не сме членка ниту на НАТО, ниту на Шенген зоната, а сепак ја штитиме Европа од членка на ЕУ, која не успеа да ја контролира бегалската криза, туку едноставно ги пренасочуваше бегалците, вели Иванов во интервјуто.

Тој додава дека мигрантската криза ги мултиплицира безбедносните ризици и ги загрозува добрососедските односи. - Не смее да се дозволи слободно движење на мигрантите и контакт со домашно население во подрачја каде има присуство на верски радикализам и повратници од конфликтните подрачја, вели претседателот на Република Македонија во интервјуто за унагарскиот весник.


Иванов вели дека во услови на длабока внатрешно-политичка криза, со мигрантската и бегалска криза се справуваме поуспешно од многу европски држави коишто беа изненадени и не се снајдоа најдобро.

- Надлежните институции во Македонија и субјектите на кризниот менаџмент секојдневно ги следат состојбите поврзани со мигрантската криза, настаните околу договорот меѓу ЕУ и Турција, како и состојбите во соседните држави. Секојдневно се обезбедуваат информации со цел превенирање на евентуален втор миграциски бран, додава Иванов во интервјуто кое беше објавено на насловната страница на најпрестижниот унгарски весник.

Претседателот Иванов денеска престојува во работна посета на Унгарија, каде во Будимпешта ќе оствари средби со неговиот унгарски колега Јанош Адер, со премиерот Виктор Орбан и со претседателот на Парламентот Ласло Ковер.


Текстот е прочитан 789 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
ФОТО - „За заедничка Македонија“ до ВМРО-ДПМНЕ: Не смеете да дозволите избор на претседател на Собрание кој нема да ја отфрли Тиранската платформа
Денес сме 29-ти ден откако излеговме на улица. Да им повториме на пратениц...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter