Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.02.2017, 15:06

МАЦЕФ: Жените најзасегнати од енергетската сиромаштија

Во светски рамки под енергетска сиромаштија се подразбира потрошувачка на електрична енергија под два американски долари дневно по член на семество, а најпогодени од неа се жените, бидејќи мораат рачно да мијат садови и да перат алишта за да заштедат енергија. Затоа нашето општество треба да дефинира што е праг на енергетска сиромаштија кај нас и да преземе мерки за нејзино намалување.

Ова се заклучоците од денешната тркалезна маса на тема „Што претставува енергетската сиромаштија – дефиниција и препораки за нејзино намалување“ што се одржа денеска во Скопје како завршен дел на проектот „Намалување на потрошувачката на енергијата и менување на навиките“ финансиран од програмата Интелегентна енергија Европа - Intelligent Energy Europe (IEE). Проектот го спроведуваше Здружението МАЦЕФ - Центар за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ) од февруари 2014 до февруари 2017 година.

Тркалезната маса имаше за цел да ги претстави резултатите од проектот „Намалување на потрошувачката на енергијата и менување на навиките“ пред пошироката јавност, како и да поттикне дискусија за дефинирање на енергетската сиромаштија во земјава и создавање препораки за нејзино намалување. На неа присуствуваа претставници на институциите и организациите кои се засегнати од енергетската сиромаштија и начините и препораките како да се намали.

- Ваучерите што се даваат за енергетската сиромаштија помагаат само моментално, но доколку се преземат мерки за подобрување на енергетската ефикасност на становите или со купување на домашни апарати со висока категорија на енергетска ефикасност нема да има потреба од ваучери. Затоа треба да ги усогласиме мерките во секторот на енергетската ефикасност како да се помогне на граѓаните, особено на жените, рече професорот Константин Димитров од МАЦЕФ.

Тој посочи дека институциите кај нас имаат кадар и ресурси да ги спроведат мерките за енергетска ефикасност што водат кон помала енергетска сиромаштија само треба да се оствари хоризонтаната соработка меѓу институциите и да се донесат нормативи од кои ќе произлезе програма во која на најсиромапшните семејства ќе им се подобри стандардот на живеење.

Локалниот проектен координатор Жарко Илиевски посочи дека досега има неколку дефиниции за енергетска сиромаштија кои доста широко го опфаќаат опсегот на проблематиката.

- Затоа е неопхдно да се напрви дефиницја која ќе тангира определана целна група на домаќинства со што ќе може и владата и организациите кои работат на оваа проблематика да и понудат мерки за енергетска ефикасност на таа целна група за да се намали енергетската сиромаштија. Главната цел значи е да се оформи групација на домаќинства на која ќе може да се делува, рече Илиевски.

Порача дека има многу критериуми за енергетска сиромаштија и додаде дека во светски рамки во енергетски сиромашни домаќинства влегуваат оние домаќинства што имаат за член инвалидизирано лице, домаќинства во кои живеат мал број на членови на голема станбена површина,...

- Во најголемите дел на случаите во Македонија енергетската сиромаштија е забележана преку загревање на една просторија во домовите. Според статистиките во Македонија 76 проценти од домаќинствата се греат на огревно дрво и загреваат најмногу од 16 до 20 метри квадратни од станбениот простор. Токму тој тип на енергетска сиромаштија е најзастапен во земјава и затоа е потребно да се делува во таа насока, рече Илиевски.

Нагласи дека МАЦЕФ во соработка со ЕТУЦ „Михајло Пупин“ и Општинската организација на Црвен Крст Гази Баба во 2016 година, во рамки на проектот, изврши анкетирање, анализа и доделување на уреди за рационално користење на енергијата на 400 енергетско сиромашни домаќинства во реонот на градот Скопје. Ним им беа доделени уреди како рефлектирачки фолии за позади радијатори и печки, ленти за дихтување за прозорци, продолжни кабли за исклучување на уредите кои работат во оф мод,..,во вредност од 30 евра по домаќинство.

- Според направените анализи на софтверот се дојде до заклучок дека потенцијалните заштеди на енергија при користењето на уредите за рационално користење енергија во овие домаќинства се на ниво од 3-5 проценти на електрична енергија и 5-7 отсто топлинска енергија, што значи дека постои реална можност за намалување на потрошувачката на енергија со ваквиот пристап. Треба да се направат и дополнителни анкетирања за да видиме колкави се реално заштедите, рече Илиевски.


Текстот е прочитан 296 пати.
#
Херитиџ: Напредокот на Македонија за 10 години невиден досега
Шефицата на европската дипломатија и безбедност, Могерини доаѓа во Македонија
Основен суд Скопје 1: Однесувањето на обвинителките од СЈО незапаметено во историјата на судот
Аризанкоски: Системот „МојТермин“ постојано се надградува-за една година 9 милиони упатувања
Британскиот министер за Европа сер Данкан во посета на Македонија
Проект за зголемување на вработувањето лица со попреченост
ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста има право да знае за криминалите на луѓе поврзани со врвот на СДСМ
Заев: Со Ахмети ги приближивме ставовите и надминавме одредени разлики
Жените успешни бизнисменки во занаетчиството
Водата се враќа во Охридското Езеро

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter