Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.02.2017, 18:17

Шесте заливски земји воведуваат ДДВ од 2018

ОАЕ - Креаторите на политики во Советот за соработка на заливските земји целат кон воведување данок на додадена вредност од 5 проценти на почетокот на наредната година, и покрај административните и техничките препреки, изјави вчера висок финансиски претставник на Обединетите Арапски Емирати.

Советот, поради затегнатите финансии предизвикани од ниските цени на нафтата, веќе долго планира воведување на ДДВ во 2018 како начин да се зголемат ненафтените приходи, но економистите и официјалните лица во некои од земјите неофицијално тврдат дека данокот е неизводливо данокот да се воведе симултано во сите земји. Тоа е поради сложеноста за создавање административна инфраструктура за собирање данок и затоа што е тешко да се подготват компаниите да постапуваат според новите правила, во регион каде оданочувањето е минимално.
Сепак, Јунис Ал-Кури потсекретар во министерството за финансии на ОАЕ, рече дека владите на заливските земји планираат симултана примена.
"До први јануари 2018 имаме за цел да усвоиме 5% ДДВ во сите заливски земји", рече тој во интервју за Ројтерс.
Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Кувајт, Катар, Оман и Бахреин го прават блокот на заливски земји.



На прашањето дали некои сектори во ОАЕ може да бидат исклучени од оданочување за да се намали товарот врз економијата, Ал-Кури вели дека 5-те проценти ќе важат секаде но делови од седум сектори - образование, здравство, обновлива енергија, вода, простор, транспорт и технологија - може да добијат посебен третман.
"Би можело да има такви подрачја...но во моментов, како Министерство за финансии, не целиме кон исклучоците, кои може да предизвикаат забуни".
Ал-Кури рече дека владата очекува околу 12 милијарди дирхами (3,3 милијарди долари) приходи од данокот во првата година. Тоа би било околу 0.9 проценти од бруто домашниот производ на ОАЕ кој во 2015 година изнесуваше 371 милијарда долари, според официјалните податоци.
Од почетокот, властите ќе побараат да се регистрираат сите компании со годишен приход поголем од 100.000 долари за оданочување, и предвидуваат 95 отсто или повеќе од компаниите да се пријават во првата фаза. Даночните приходи можат да растат постепено со економскиот раст, но владата засега не планира зголемување на процентот на оданочување, а во иднина прво би се направила студија за економско и општествено влијание.


Текстот е прочитан 2085 пати.
#
Путин е најбогатиот човек на светот?
Имигранти цела ноќ дивееја во Стокхолм
Сорос со своите милијарди ќе прави долготрајни протести против Трамп
„Брајтбарт“ стана трет најчитан информативен Интернет медиум во САД
„Брајтбарт“ открива: Сорос со своите милијарди планира долготрајни протести против легално избраниот претседател Трамп
Масовни протести против Еди Рама
Путин ќе ги зближува КГБ и ЦИА
Опозицијата на протест пред Собранието на Црна Гора
Ротшилд ќе ја спасува Грција од банкрот
Поп сакал да го отруе владиката

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter