Македонија Култура Скопје Живот Спорт Свет Калеидоскоп Култура свет
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.02.2017, 15:26

НЕКОЛКУЧАСОВНА ОДБРАНА НА ПРВООБВИНЕТИОТ САМИ УКШИНИ ОБВИНЕТ ВО "ДИВО НАСЕЉЕ"

Командант Соколи: Да бев јас командант, ќе имаше 200 мртви, а не само 18

Сами Укшини алијас командант Соколи не се чувствува виновен за терористичките напади во кумановската Дива Населба кога на 9 и 10 мај загинаа 18 лица, од кои 8 беа припадници на МВР, а 42- ца беа повредени.

Во својата неколкучасовна одбрана пред судот , првообвинетиот Укшини неколку пати повтори дека не бил водач на групата и да бил ќе било многу полошо:
"Водачи на групата беа Бег Ризај и Мирсад Ндрецај кои се мртви. Јас бев дел од организирањето на војната од 2001. Да бев во Дива Населба јас командант, немаше да бидат убиени 18, ќе имаше 200 мртви, ќе беше многу полошо и сега немаше да бидеме овде во судница. Не сум јас толку наивен. Обвинетиот Шефкет Калачи телефонски контактираше со мисијата на ОБСЕ за да се предадеме. Но, полицијата уште повеќе нe нападна", сведочеше обвинетиот Укшини. Командант Соколи пред судот појасни дека на 1 и 2 мај 2015 илегално ја минал границата на Македонија, му била дадена униформа во зелена боја со ознаки на УЧК и оружје од водачите, два дена спиел во планина, а во Куманово стигнал на 5 мај за, како што кажа, да се одморат и да одржат прес-конференција: "Јас сум патриот, не терорист. Овде дојдовме за да се бориме за правата на Албанците и да го спроведеме Рамковниот договор и планиравме тоа да им го кажеме на новинарите. Да пренесат дека ако не се реализира Охридскиот договор, ќе се вратиме на местото каде ја оставивме војската во 2001. Планот беше до 19 мај да останеме во Куманово. Треба полицијата да ја прашате каков напад извршила, а не нас", се бранеше обвинетиот Укшини. Тој додаде дека на 7 и 8 мај ги предупредил организаторите дека треба да си одат оти забележал дрон, но тие му кажале да не се плаши и му дале пакет со цигари. Кога се случил терористичкиот напад, Укшини рече дека од сон го разбудиле пукотниците од автоматско оружје и од хеликоптер. Командант Соколи рече дека телефонските разговори обезбедени со ПИ Мерки на кои се слушал неговиот глас, а кои се доказ во постапката не биле целосни.
Судењето за случајот продолжува на 23 февруари со одбрана на останатите обвинети. Во случајот за тероризам и терористичка организација им се суди на 37 лица. (К.Д.)


Текстот е прочитан 2999 пати.
#
Рочиштето за протестите пред општина Центар одложено, по 2000 евра казна за Катица Јанева и Фатиме Фетаи за непочитување на судијката
Пронајден осомничениот за убиството во Охрид
Во поштенска пратка пронајден хашиш
Ограбена бензинска пумпа во Арачиново
Во сообраќајка повредени илегално превезувани мигранти
Штипјанец намамил малолетничка преку фејсбук и полово ја нападнал
Претепани малолетници, приведени навивачи, каменувана полициската станица Центар
Пронајден мртов работник
Босанец, Сириец и Македонец осомничени за силување на 22-годишна девојка
Најмногу крадачки меѓу затвореничките

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter